На прво место

Фридрих Мерц предлага фазно проширување на ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц покрена идеја за нов модел на проширување на Европската Унија, преку т.н. повеќестепено, односно фазно проширување.

Во писмо до европските лидери, Мерц апелира за забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, со пофлексибилен пристап што би овозможил конкретни придобивки и пред формалното полноправно членство.

Според оваа идеја, земјите кандидати најпрво би добиле можност за постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген-зоната. Тоа би значело слободно движење на капитал, луѓе, стоки и услуги, како и пристап до дел од механизмите на ЕУ, пред да се стигне до последната фаза, полноправно членство со право на глас, право на вето и учество во носењето одлуки.

Овој пристап првпат јасно се отвора на највисоко политичко ниво во Европската Унија. Наместо долгогодишно чекање без конкретен напредок, земјите од Западен Балкан би можеле да добијат видливи чекори на интеграција, со што процесот би станал подинамичен и политички поуверлив.

Мерц, според информациите објавени во европските медиуми, оценува дека проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност, но дека сегашниот процес трае предолго и создава фрустрации и кај земјите кандидати и кај самата Унија. За Западен Балкан се споменува можност за привилегиран пристап до внатрешниот пазар и статус на набљудувач во институциите на ЕУ, како дел од постепеното приближување кон членството.

Ваквиот предлог може да биде значаен сигнал за регионот, особено за Македонија, која со години се соочува со блокади, условувања и одложувања на европскиот пат.

Доколку оваа идеја добие поширока поддршка во ЕУ, таа би можела да отвори нова фаза во евроинтеграциит, фаза во која напредокот нема да биде само декларативен, туку ќе носи конкретни придобивки за граѓаните и економијата.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top