На прво место

Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Македонска Нација

Македонска Нација

Лагите на Венко Филипче и СДС повторно се демантирани. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозициската партија во изминатиот период ширела дезинформации за повеќе прашања, меѓу кои и за мигрантите, државниот Буџет, ИПАРД фондовите, како и за Реформската агенда и изјавите на европските претставници.

Според партијата, Филипче и СДС со месеци ја манипулирале јавноста со тврдења дека државата се движи кон економска криза и застој, но фактите и официјалните податоци од европските институции го покажале спротивното.

„Македонија доби најмногу европски средства во регионот, во висина од 65,7 милиони евра, пред Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека станува збор за средства од јануарскиот извештај, а очекувањата се во јуни сумата дополнително да се зголеми, при што Македонија повторно ќе биде меѓу најуспешните држави во исполнувањето на Реформската агенда.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Европската Унија со ова потврдила дека Македонија е лидер во реформите, а тврдењата на СДС и Филипче целосно паднале во вода.

Партијата оценува дека доделените 65,7 милиони евра се јасен показател дека реформите што ги спроведува Владата даваат конкретни резултати и добиваат признание од европските институции.

Средствата ќе бидат наменети за унапредување на образованието, дигитализацијата и подобрување на условите во училиштата, додека дел од нив ќе бидат насочени директно кон државниот Буџет, а останатите за капитални и инвестициски проекти.

„Наместо сценарија за криза и неуспех, фактите покажуваат дека Македонија напредува, добива доверба и обезбедува конкретна европска поддршка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Владата останува целосно посветена на спроведување на реформите, економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Најново од: На прво место

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

To top