На прво место

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе пари додека не почне да испорачува резултати

Независноста не се обезбедува со пари, туку со работа, порача премиерот, оценувајќи дека судиите и обвинителите со досегашната работа не заслужиле дополнителни средства од Буџетот

Последниот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото содржи пофалби за дел од спроведените политики, но и критики за состојбите во правосудниот систем.

Мицкоски појасни дека не станува збор за редовниот извештај за напредокот на Македонија, кој се очекува наесен, туку за анализа што Европската комисија ја изработува за земјите членки и за четири земји кандидати од регионот.

„Овој извештај е редовен извештај што го објавува Европската комисија за сите земји членки, а во последните три години и за дел од земјите кандидати. Станува збор за извештаите од 2023, 2024 и 2025 година. Од кандидатите се анализирани Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија“, рече Мицкоски.

Според него, во документот има и меѓусебно спротивставени заклучоци. Од една страна, се констатира политички притисок врз судството и обвинителството и се бараат дополнителни финансиски средства, а од друга страна, се упатуваат сериозни критики за нивната работа и ефикасност.

„Во извештајот е констатиран притисок од политичари врз судството. Кога зборуваме за судството, тука ги вклучуваме и обвинителството и судовите. Истовремено, се наведува дека треба да има повеќе пари за обвинителите и судиите, а потоа се критикува нивната работа. Тие два заклучока се контрадикторни“, рече премиерот.

Тој нагласи дека не може истовремено да се тврди дека правосудниот систем не испорачува резултати, а од Владата да се бара да обезбеди повеќе пари.

„Од една страна велат дека судскиот систем не испорачува, а од друга страна бараат Владата да даде повеќе пари. Тие две работи не одат една со друга. Или ќе почнат да испорачуваат, па ќе добијат повеќе средства, или нема да добијат“, истакна Мицкоски.

Премиерот оцени дека меѓу граѓаните постои широко распространето незадоволство од работата на правосудниот систем и од недоволното испорачување правда. Тој најави дека ќе продолжи јавно да упатува критики и да бара реформи, преземајќи ја политичката одговорност, сè додека не се забележи реален напредок во судовите и обвинителствата.

„Повеќе пари нема да добијат затоа што не ги заслужиле. Со измените што ги направивме, добија сè што побараа во делот на вработувањата и самостојноста. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, Владата нема да го прифати тоа. Независноста не се обезбедува со пари, туку со работа, а не со допишување работни часови, дежурства и проценти“, изјави Мицкоски.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top