На прво место

НЕ ПОСТОИ ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ ГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!

Ацо Македон Крстески

Ацо Македон Крстески

Постојат теми што не смеат да се делат на партиски и непартиски. Постојат прашања што се поважни од секоја власт и од секоја опозиција. Едно од нив е правото на секој македонски државјанин реално да учествува во одлучувањето за иднината на својата татковина.

Во вистинска демократија не смее да постојат граѓани чии гласови вредат повеќе или помалку. Уште помалку смее да постојат граѓани на кои Уставот им гарантира право на глас, а државата во пракса им го прави речиси невозможно да го остварат.

Токму затоа сметам дека Македонија мора да отвори сериозна јавна расправа за изборните реформи. Не заради интересите на политичките партии, туку заради интересите на државата и нејзините граѓани.

Да ја земеме Германија како пример.

Се проценува дека таму живеат околу 300.000 македонски државјани. За сите нив се обезбедени само три избирачки места.

Тоа значи дека, теоретски, околу 100.000 гласачи би требало да гласаат на секое избирачко место во текот на само еден изборен ден.

Не треба посебна анализа за да се сфати дека тоа е физички невозможно.

И тука не станува збор за тоа дали некој сака или не сака да гласа. Не станува збор ниту за политичка определба.

Станува збор за тоа дали државата навистина обезбедила услови нејзините граѓани да го искористат своето уставно право.

Македонските државјани што живеат надвор од Македонија не престанале да бидат дел од својата татковина.

Тие и понатаму ги помагаат своите семејства.

Инвестираат.

Градат домови.

Отвораат бизниси.

Ја промовираат Македонија низ светот.

Ги учат своите деца да го зборуваат македонскиот јазик и да ја сакаат земјата од која потекнуваат.

И тие имаат исто право да учествуваат во одлучувањето за иднината на Македонија.

Не повеќе од нас.

Но ниту помалку.

Затоа сум убеден дека дојде време да престанеме да разговараме дали дијаспората треба да гласа.

Тоа право никој не смее да го доведува во прашање.

Време е да разговараме како тоа право конечно да стане реално остварливо.

Лично сметам дека најправедното решение е Македонија да воведе една изборна единица и да овозможи електронско гласање за македонските државјани во дијаспората кои поседуваат важечки македонски документи.

Тоа не е непознат модел.

Естонија веќе дваесет години успешно применува електронско гласање на националните избори.

Дополнително, доколку некој гласа електронски, а потоа дојде во Македонија за време на изборите и одлучи да гласа на избирачко место, неговиот глас даден со хартиено ливче автоматски го заменува претходниот електронски глас.

Значи, државата не измислува нешто ново.

Таа само применува решение што веќе успешно функционира.

Иселениците не бараат привилегии.

Не бараат посебен третман.

Бараат само едно: државата да им овозможи реално да го остварат правото што веќе им е загарантирано со Устав.

Македонија не смее да ги дели своите државјани на оние што живеат дома и оние што живеат надвор од неа.

Сите тие имаат една татковина.

И сите тие треба да имаат еднакво право да одлучуваат за нејзината иднина.

Само така можеме да зборуваме за вистинска демократија.

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top