На прво место

Паметните се договараат пред да започне војната!

Постои едно непишано, но сурово точно правило во историјата на човештвото: разумот секогаш треба да дојде пред војната.

Кога дипломатијата се отфрла, а силата се избира како прва опција, исходот никогаш не е вистинска победа, туку трагедија со одложена „мировна“ фаза.

Војните не започнуваат затоа што нема можност за договор. Тие започнуваат затоа што некој одбива договор, верува дека ќе добие повеќе со оружје отколку со збор, или затоа што туѓи геополитички интереси стануваат поважни од судбината на народот.

Историјата е полна со моменти кога решението било на дофат, но свесно било отфрлено. Сценариото речиси секогаш е исто.

Пред војната се зборува за „чест“, „стратегија“ и „национален интерес“. По војната, истиот речник исчезнува и го заменуваат зборовите „компромис“, „реалност“ и „болни, но неопходни одлуки“. Само што тогаш цената веќе е платена – со уништени животи, градови и иднини.

Најголемата неправда е што политичарите кои туркаат кон војна ретко ја плаќаат нејзината цена. Тие не гинат, не бегаат, не ги закопуваат своите деца. Тоа го прави обичниот народ. А по сето тоа, истите тие елити често се појавуваат како „миротворци“ и „архитекти на договори“, склучени врз рушевини.

Историјата покажува уште една сурова вистина: договорите потпишани по војна речиси секогаш се полоши од оние што можеле да се постигнат пред неа. Територии се губат, суверенитети се ограничуваат, општествата трајно се осакатуваат. И тогаш слушаме дека „немало друг избор“.

Имало и секогаш има. Само што договорот пред војна бара храброст и одговорност, а договорот по војна најчесто доаѓа како последица на пораз или принуда.

Затоа поделбата не е меѓу победници и поразени, туку меѓу одговорни и неодговорни лидери.

Кога војната ќе заврши, а мора да заврши, први ќе се појават децата со погледи постари од нивните години – децата што разликуваат звук на дрон од звук на авион, децата што цртаат тенкови наместо сонца, природа, родители, баба, дедо,…

Ќе се вратат и бегалците.
Ќе се вратат и мајките со по една торба во рацете.
Татковци што никогаш нема да се вратат, веќе ги нема, или се убиени, или дезертирале и заминале во егзил.
Старци со клучеви од разрушени домови ќе ги бараат куќите што повеќе не постојат.

Ниту еден договор на децата нема да им го врати изгубеното детство.
Ниту една резолуција нема да ја избрише траумата.
Ниту една „безбедносна архитектура“ нема целосно да го поправи скршеното во детската душа.

И кога утре ќе се зборува за „обнова“, „планови“ и „иднина“, треба да се запомни една работа: иднината не се гради само со бетон и кредити, туку и со доверба. А довербата е најскапата жртва на секоја војна и многу тешко се враќа.

Војните најчесто се водат за профит, контрола и моќ. И додека обичниот човек ја плаќа највисоката цена, со живот, дом и иднина, профитот секогаш завршува кај малкумина, далеку од фронтот.

Затоа вистинското прашање не е само зошто има војни, туку кому му е исплатливо тие да траат што подолго.

Историјата ќе ги памети политичарите на два начина: оние што спречиле војни и оние што потпишале договори по катастрофи.

И на крај, секогаш мора да има договор. А цената, како и секогаш, ја плаќа обичниот човек.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top