На прво место Историја

Повик за востанието

Илинденското востание било општонародно востание на македонскиот народ против османлиската власт и кулминација на долгогодишната борба за слобода и автономија на Македонија.

Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание, при што неговото започнување и водење им биле препуштени на окружните комитети.

Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, донел одлука за кревање општо ослободително востание и го избрал Главниот востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ. Во неговиот состав влегле Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. Штабот одлучил востанието да започне на празникот Свети Илија – Илинден, на 2 август 1903 година според новиот календар.

Барање за автономија на Македонија

По започнувањето на востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало декларација на владите на европските големи сили. Во неа тие биле известени за неподносливата експлоатација и жестокоста на режимот на османлиската држава, кој не ги почитувал ниту елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот договор.

Од големите сили се барала ефикасна интервенција за османлиската влада, како единствено одговорна за воениот конфликт, да биде принудена да ги исполни преземените обврски и на Македонија да ѝ даде автономија.

Востаничките сили започнале нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон, со концентриран напад, го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени поголемите населени места Невеска и Клисура, додека во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и Кичевскиот револуционерен реон се воделе жестоки борби.

Крушевската Република

Во ослободеното Крушево била создадена Крушевската Република, со Совет и Привремена влада избрани од народот. Привремената влада имала ресори за внатрешни работи, финансии, исхрана, изградба и санитет.

Посебните дејности ги извршувале специјални служби задолжени за обезбедување и градење одбранбени опкопи, поправка на оружјето и производство на воени материјали, вклучително и на познатото црешово топче.

За одбрана на слободната територија, Привремената влада извршила мобилизација на машкото население способно за борба. Истовремено, биле преземени мерки за заштита на муслиманските семејства на избеганите државни службеници, како и на нивните имоти, кои биле обезбедувани од Востаничкиот штаб.

До селата со муслиманско население бил упатен повик, познат како Крушевски манифест. Во него се соопштувало дека македонскиот народ се кренал на оружена борба против тиранската власт и насилниците, а не против сиромашното муслиманско население.

Во Манифестот било нагласено дека востаниците не се разбојници, туку револуционери кои се борат за право и слобода. Муслиманското население било повикано да не се плаши, да остане мирно и да не им се придружува на силите што го задушувале востанието. Во автономна Македонија сите нејзини жители требало да имаат еднакви права и слободи.

Востанието низ Македонија

Во другите револуционерни окрузи – Солунскиот, Серскиот и Скопскиот – востанието главно имало карактер на герилско војување. Биле активирани вооружените чети, кои извршувале напади врз воени цели, меѓу кои гарнизони и стражарници, како и врз стратегиски објекти – патишта, железнички линии и телефонски и телеграфски инсталации.

Со нивното дејствување била опфатена речиси целата територија на Македонија, со што Илинденското востание добило карактер на општонародно востание.

Во Битолскиот револуционерен округ, каде што востанието било најмасовно, бил мобилизиран голем дел од населението способно за борба. Востаничкиот штаб им предал меморандум на дипломатските претставници, во кој протестирал поради варварските постапки на регуларните воени единици, палењето и разурнувањето на селата и масакрирањето на неборечкото македонско население.

Преображенското востание

Во Одринскиот револуционерен округ востанието избувнало подоцна. По Конгресот на Петрова Нива, Михаил Герџиков заминал во Бугарија и телеграфски побарал од Централниот комитет да се одложи почетокот на востанието. Му било одговорено дека тоа може да биде одложено најдоцна до 20 јули според стариот календар, односно до Илинден.

Герџиков се вратил во Странџа кај другите членови на штабот – Лазар Маџаров и Стамат Икономов. Со нив бил и секретарот Христо Силјанов. Тие заеднички решиле почетокот да го одложат за уште 15 дена, до 6 август, на празникот Преображение.

Одлуката била донесена од две причини: востаниците да се подготват подобро за борбите и да се искористи моментот кога османлиските сили, концентрирани во тој крај, ќе бидат испратени да го задушуваат востанието во Македонија. Со започнувањето на востаничките дејства требало тие сили да се разделат и да ослабнат.

Востанието во Тракија траело подолго од востанието во Македонија. На ослободената територија востаничката власт ја формирала Странџанската комуна, која го опфаќала подрачјето меѓу Мало Трново и Василико.

Востанието во меѓународна изолација

Европските големи сили имале сопствени интереси во османлиската држава и во регионот. Тие се противеле на оруженото востание во Македонија и Одринско и се залагале за зачувување на постојното статус кво.

На османлиската влада ѝ била оставена слобода да ги употреби сите потребни сили и средства за задушување на востанието. И соседните балкански држави биле заинтересирани за негово ликвидирање и за уништување на Македонската револуционерна организација, стравувајќи дека интервенцијата на големите сили може да доведе до давање автономија на Македонија.

Во такви услови, при целосна изолираност и непријателско окружување, македонските и одринските востанички сили опстоиле речиси до крајот на 1903 година. Тие ѝ се спротивставиле на многубројната и модерно вооружена регуларна армија, како и на нерегуларните воени формации, кои применувале тактика на целосно уништување на македонските села, материјалната база и борбената резерва на востанието.

По повеќемесечните борби, за да го поштеди народот од натамошни страдања и репресалии, Востаничкиот штаб издал директива за запирање на востанието.

Иако било задушено во крв, Илинденското востание останало траен симбол на македонската борба за слобода, државност и човечко достоинство.

Најново од: На прво место Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

To top