На прво место

СДС и Левица со амандманска блокада против реформите и правото на глас на дијаспората

Македонска Нација

Македонска Нација

Наместо конструктивна дебата за Изборниот законик, опозицијата избра политички театар, парламентарна опструкција и блокада на реформите.

СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади. Ако досега со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, сега истиот модел на кочење го префрлија врз Изборниот законик.

Веќе не е тајна кому му одговара Македонија да не напредува и да остане заглавена на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Секој ден, од различни страни, пристигнуваат пораки дека уставните измени не би биле последното барање, туку само почеток на нови притисоци, нови условувања и нови отстапки — за македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и постоењето на македонската нација.

Но она што најмногу ги вознемирува граѓаните во Македонија и Македонците во дијаспората е фактот дека токму македонски политички партии, СДС и Левица, избираат да ја кочат сопствената држава. Наместо да покажат одговорност во момент кога Македонија треба да испорача реформи, тие избраа блокади, амандмански театар и создавање политички хаос.

Ова не е само спор околу еден закон. Ова е прашање дали државата ќе оди напред или ќе остане заложник на партиски калкулации и во интерес на нашиот источен сосед..

Сега, најверојатно, и на структурите во Европската Унија им станува сè појасно дека СДС не води политика на конструктивна опозиција, туку политика на опструкција. На секој можен начин се обидуваат да го забават напредокот на Македонија, само за да создадат впечаток дека државата не оди напред.

Измените на Изборниот законик се дел од реформските обврски на Македонија и во голем дел се поврзани со усогласување со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Наместо конструктивен пристап, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување создава штета за државата, за институциите и за европскиот реформски процес.

Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози што придонесуваат за подобар, поправеден и поефикасен изборен процес. Но истовремено остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност полесно да го оствари своето демократско право, вклучително и преку електронско гласање на претседателските избори.

Секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, има право да биде дел од демократските процеси во Македонија. Дијаспората не смее да биде третирана како проблем, како товар или како бројка што некому не му одговара. Таа е нераскинлив дел од македонската држава, од македонскиот народ и од иднината на Македонија.

Или вистината е сосема друга?, Венко Филипче се плаши откако го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат.

Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи. Наместо да разговараат за подобри правила, се обидуваат да го закочат целиот процес.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е цврст: реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните во Македонија и Македонците во дијаспората сами ќе дадат оценка кој работи за државата, а кој работи само за сопствен дневнополитички спас.

Македонија мора да оди напред. А секој што ја кочи Македонија, ја кочи и волјата на народот.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top