На прво место

Што има СДС против македонската дијаспора!?

Македонска Нација

Македонска Нација

Додека повеќе од 140 држави во светот им овозможуваат на своите државјани во странство да гласаат, СДС со илјадници амандмани го блокира олеснувањето на гласањето за македонската дијаспора.

СДС повторно избра да ги блокира процесите наместо да понуди решенија. Наместо да придонесе за модернизација на изборниот процес, партијата со илјадници амандмани го кочи носењето на Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно и подостапно да го остварат своето уставно право на глас.

Истите тие што постојано зборуваат за демократија и европски вредности, денес поставуваат пречки пред сопствените граѓани кои живеат и работат надвор од Република Македонија.

Што толку на Филипче и неговата СДС им пречат Македонците од дијаспората? Зошто секоја иницијатива што треба да им го олесни гласањето станува предмет на политички блокади?

Македонската дијаспора не бара привилегии. Таа бара еднакво право да учествува во демократските процеси и да одлучува за иднината на својата татковина.

Според податоците на International IDEA, повеќе од 140 држави во светот им овозможуваат на своите државјани кои живеат во странство да гласаат на национални избори.

Меѓу нив се: Соединетите Американски Држави, Канада, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Белгија, Холандија, Швајцарија, Данска, Финска, Шведска, Норвешка, Исланд, Ирска, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Украина, Молдавија, Литванија, Латвија, Естонија, Израел, Турција, Мексико, Бразил, Аргентина, Чиле, Колумбија, Перу, Еквадор, Доминиканска Република, Филипини, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Ова се само дел од државите. Вкупно, над 140 земји имаат законска можност нивните државјани во дијаспората да учествуваат на избори, преку различни модели на гласање.

СДС постојано зборува за европски стандарди и демократски вредности. Тогаш треба јасно да ѝ објасни на македонската дијаспора врз основа на кој европски принцип смета дека Македонците кои живеат надвор од Република Македонија не треба да имаат еднаква можност да го остварат своето право на глас, кога повеќе од 140 држави во светот им го гарантираат тоа право на своите државјани.

Наместо да го ограничуваат едно од основните демократски права, време е да кажат зошто се плашат од гласот на македонската дијаспора.

По серијата политички одлуки што голем дел од јавноста ги оценува како штетни за националните интереси – од промената на уставното име, преку договорите со соседите, до бројните обвинувања за криминал и корупција за време на нивното владеење – СДС сега се соочува и со критики дека го блокира олеснувањето на гласањето на македонската дијаспора.

Оттука, сосема легитимно е да се постават неколку прашања.

Каква политичка стратегија стои зад противењето на решенија што би им овозможиле на Македонците во дијаспората полесно да го остварат своето право на глас?

Како СДС очекува еден ден повторно да ја добие довербата на македонските граѓани и на дијаспората, ако испраќа порака дека го ограничува учеството на дел од сопствените граѓани во изборниот процес?

И конечно, дали во СДС направиле политичка проценка дека гласот на дијаспората не им оди во прилог, па затоа, наместо да ја придобијат со идеи, програма и политики, се спротивставуваат на мерки што би ѝ го олесниле гласањето?

Или, можеби, СДС сè уште живее во сенката на старите времиња, во комунистичкиот период, кога нивните политички претходници одлучуваа кој ќе биде министер, кој градоначалник, кој пратеник, а „изборите“ беа само формалност.

Токму затоа денес треба јавно да одговорат: дали навистина веруваат во демократија, или демократијата ја прифаќаат само тогаш кога резултатот им одговара?

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top