На прво место

Унијата на ветерани: Честит 36-ти роденден ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ,

На денешен ден, 17 јуни, со длабока почит и голема гордост се потсетуваме на еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – денот кога беше формирана ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа не беше само создавање на политичка партија. Тоа беше будење на надежта. Тоа беше враќање на достоинството. Тоа беше момент кога илјадници Македонци повторно поверуваа дека Македонија може да биде своја, слободна, независна и горда држава.

Со особена почит денес се поклонуваме пред Драган Богдановски – идеологот на современото ВМРО и еден од најголемите македонски борци за национална слобода. Човекот кој и во најтешките времиња не престана да сонува за слободна Македонија. Неговата визија, жртва и непоколеблива верба во македонската национална кауза станаа темел врз кој беше изградена ВМРО-ДПМНЕ и врз кој се изгради современата македонска држава.

На 17 јуни 1990 година, таа идеја доби своја политичка форма. Во Домот на младите во Скопје се собраа патриоти од сите краеви на Македонија и од македонската дијаспора, носејќи ја истата надеж, истата љубов кон татковината и истата желба – Македонија да стане самостојна држава.

По повод 36-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите основачи, ветерани, членови, симпатизери и поддржувачи кои низ годините ја носеа партијата низ искушенија, победи и историски предизвици.

Изминатите триесет и шест години беа години на борба, надеж, жртвување и истрајност. ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на народот, партија која стоеше исправено кога беше најтешко и која никогаш не се откажа од идеалите за кои беше создадена.

Денес со чувство на одговорност и гордост можеме да кажеме дека Македонија е во сигурни раце. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, работи посветено за обнова на довербата, за економски напредок, за достоинствен живот на граѓаните и за заштита на македонските национални интереси.

Ние, ветераните, кои бевме сведоци и учесници во создавањето на ова големо народно движење, сме особено горди што идеалите за кои се боревме не згаснаа. Тие живеат и денес во секој чесен човек кој верува во Македонија, во секој млад човек кој ја сака својата татковина и во секој член кој ја носи ВМРО во своето срце.

Нека овој голем ден биде потсетник дека ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка организација. Таа е идеја, чувство, аманет и одговорност. Таа е дел од современата македонска историја и симбол на борбата за национално достоинство и државност.

Нека е честит 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна слава и благодарност на сите кои ги вградија своите животи, својата работа и својата љубов во создавањето на независна Македонија и во јакнењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!

Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

17 јуни 2026 година

Најново од: На прво место

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

To top