На прво место

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите: од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која создава реални услови тие својата иднина да ја градат дома, во Македонија.

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка што треба да донесе нов пристап во развојот на општините, преку активно учество на младите.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети, преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат само набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа и во креирањето подобри услуги за граѓаните.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира практичната работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Додека СДС со години само зборуваше за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија.

Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе бидат поддржани стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат општините. Средствата ќе бидат насочени кон идеи што носат резултати, а не кон проекти што завршуваат во фиока.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и создава реални можности за работа, развој и професионално усовршување. На овој начин се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните.

Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем.

Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераше младите својата иднина да ја бараат надвор од државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација принудена да замине.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top