На прво место

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри

Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење.

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка за поддршка на граѓаните по забраната за користење на водата од градскиот водовод.

Првата пратка од 50.000 литри пакувана вода беше доставена вечерва и веднаш започна нејзината распределба на повеќе пунктови низ градот.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој пристигна во Гостивар со првата испорака, изјави дека додека трае кризата секојдневно ќе се доставуваат по 50.000 литри вода.

– Секој ден ќе дистрибуираме по 50.000 литри пакувана вода. Таа ќе се дели на шест или седум пунктови, а доколку има потреба ќе бидат отворени и дополнителни локации за да се избегнат гужви и чекање на високите температури – изјави Томовски.

Во координација со локалните волонтери, водата се дистрибуира на повеќе локации, меѓу кои:

  • Водостопанство – Гостивар;
  • Градинката „Пролет“;
  • Средното економско училиште;
  • ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Шар“;
  • АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (Питарница);
  • Општата болница „Ферид Мурад“;
  • Територијалната противпожарна единица;
  • Градскиот плоштад.

Паралелно со владината акција, во Гостивар се организираат и хуманитарни иницијативи на компании, организации и поединци кои обезбедуваат пакувана вода за граѓаните. Преку локалната самоуправа, вода се дистрибуира и за лицата во социјален ризик.

Дистрибуцијата ќе продолжи и во наредните денови, сè додека водата од гостиварскиот водовод не биде прогласена за безбедна за употреба.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top