
Саво Костадиноски
(Минхен,10.1.1973)
Татковино, извору на моите стихови,
се колнам и ти изјавувам свечено:
и милион песни да напишам за тебе –
пак нешто ќе остане недоречено.
И, колку што сум подалеку од тебе,
на печалбарење заминат по светот,
во срцето те носам, а убавината твоја –
најчесто ја споредувам со цветот.