САВО КОСТАДИНОВСКИ
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Во пазувите на македонскиот јазик
расцуте словенската писменост.
Затоа
и во секој дух на историјата
духот на нашиот јазик
не излетал
од телото на сопствениот живот
пред замраченото лице
на некои од времињата.
Не случајно
вечно
и со цврст завет
се огласувал
екот на зборот
штом
во животот на секој збор
е сонот на нашата иднина.
Затоа ние
за светот имаме
и сонце кое знае
на македонски јазик да пее –
чие етничко небо
го носи
секој од нас!