САВО КОСТАДИНОВСКИ
Прошетај по светата библиска земја.
Цркви ќе видиш во град и село.
Гордо извишени кон синото небо,
кон сонцето сјајно, бело.
Прошетај по светата библиска земја.
Ќе видиш манастири бројни,
украсени со вредни икони и фрески.
Скапоцени убавини на делата сјајни.
Прошетај по светата библиска земја.
Ќе го почувствуваш христијанството свето;
така е насекаде, по цела Македонија,
како такви нас нè познава светот.