САВО КОСТАДИНОВСКИ
СВЕТОТО ПИСМО
Светото писмо е патоказ свет
кон Бога што нè води,
тоа е одамна напишано.
Пред Христос да се роди.
Светото писмо сите нè учи
човечки да се разбираме.
Луѓето пред Бога се исти,
и не треба да ги пребираме.
Светото писмо со љубов зрачи.
За народот е поука и совет,
опишани со искрена мудрост
во Стариот и Новиот завет.