Песни за Македонија

„Темен се облак зададе“

Песната „Темен се облак зададе“ се смета за македонска народна револуционерна песна, односно нејзиниот автор не е познат. Во повеќе збирки на македонски народни песни и фолклорни извори таа е заведена како песна од македонскиот народен фолклор, без наведен автор.

Песната е поврзана со македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XX век и во неа се спомнуваат истакнати војводи и револуционери како:

  • Даме Груев
  • Алексо Турунџов
  • Ѓурчин Сланчанец
  • Ѓорѓи Сугарев

Според содржината, песната најверојатно настанала во народот како дел од револуционерната традиција во Битолско и Пелистерскиот крај, а подоцна се пренесувала усно и добивала различни варијанти. Интересно е што постојат и други варијанти на песната со сличен почеток („Темен се облак зададе“), но со различни личности и настани, што е карактеристично за народните револуционерни песни кои се менувале од крај до крај.

Темен се облак зададе
на врв Пелистер планнна,
под облак орле леташе,
црвено знаме носеше,
крвави солзи ронеше.

Орлето грачи – говори:
-Станвајте, браќа, не спите,
од сон се разбудувајте!
Турчин реформи не дава,
купува пушки мамѕери
сос долги бојни ножови!

Станвајте, браќа, не спите,
сос него да се биеме
за славна Македонија!

На врв Пелистер планина,
над четничката рамнина,
кај Пупучево кладенче,
там седеа три војводи,
три војводи за слобода:
први војвода ми беше
тој Даме Груев војвода,
втори војвода ми беше
војвода Лексо Турунџов,
трети војвода ми беше
војвода Ѓурчин Слансчанец.

Војвода Гурчин Слансчанец
в paцe ми држи дуљбија.

Рипна Алексо на нозе
и зеде да ми зборува:
-Слушајте, браќа, војводи,
шчо збор зборува орлето,
солзи крвави ми рони,
в уста ми носи знамето,
орлето грачи – говори,
четите да и збериме,
гope Пелистер планина.

Рипна Слансчанец на нозе,
в paцe ми држи дуљбија,
се тој ми гледа низ поле.

Едно ми време догледа,
догледа силна потера;
сите сос бели атови,
сите сос пушки мамѕери
и с тие долги ножови.

Рипна ми Груев на нозе,
в раце ми зеде манлихер,
двајсипет пати испука,
дур да се зберат четите.

Довтаса ми четите
начело с Ѓорѓи Сугарев
сос триста души кумити
горе в Пелистер планина.

Пристигна турска потера
гope Пелистер планина.

Таму се тие удрија,
ситички и загубија,
ни еден жив не се врати.

Даме ми распна знамето,
под знаме собра четници,
голем подарок им даде,
зашчо се братски бореа,
ни еден не се издаде.

Најново од: Песни за Македонија

Милан Борачот – Марулецот

Милан Борачот – Марулецот Во 1911-тото лето се породи Стојаница со второто дете. Нункото, името му го даде Милан со Божја помош да биде силен.   Мајка му Бала си замина млада го остави сирак, при дедо и баба. Во спиење ноќе, често си блада мајчината љубов тој си ја бара.   Дедо му Васил […]

„Не плачи мајко, не жали“ – песна за цената на слободата

Васка Илиева во Забрдени, Леринско, 1996 година. Квалитетот на оригиналниот архивски кадар е подобрен со помош на ChatGPT. Во македонската револуционерна народна песна „Не плачи мајко, не жали“, борецот ѝ се обраќа на мајка си пред да замине во борба. Од неговите зборови се развива песна за мајчината болка, заедништвото и копнежот по слободна Македонија. […]

Со маки сум се родила

„Со маки сум се родила“, позната и во машката форма „Со маки сум се родил јас“, е една од најпрепознатливите македонски народни песни. Таа ја изразува длабоката тага на човекот што од раѓањето до смртта живее со мака. Во таа лична исповед, поколенија Македонци ги препознавале сопствените загуби и тешкиот живот на својот народ низ […]

„Едно име имаме“ – песна што го чува името Македонија

Има песни што ги слушаме со задоволство, а има и песни во кои препознаваме дел од себеси. „Едно име имаме“, од творештвото на Јонче Христовски, припаѓа на оние што ја претвораат љубовта кон Македонија во заедничко чувство на гордост и припадност. Силата на оваа песна е во врската меѓу човекот и татковината. Во неа името […]

„Кога падна на Пирина“ – авторска песна што народот ја прифати како своја

Речиси нема кој во Македонија не ја знае патриотската песна „Кога падна на Пирина“, посветена на Јане Сандански, во народната меморија познат како пиринскиот цар. Со својата мелодија и потресни стихови, таа се пренесува меѓу генерациите и често се доживува како народна песна. Меѓутоа, според податоците што Александар Донски ги објавил во „Македонска нација“, повикувајќи […]

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

To top