Тема: 8 Септември

На референдумот на 8 Септември 1991 година во Берлин – 97 отсто гласале „за“ независна Македонија

Референдумот за независност се одржа на 8 септември 1991 година, отворајќи го патот кон осамостојување на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Македонците во Берлин, и покрај правните ограничувања во Германија, се организираа и масовно ја поддржаа независноста на својата татковина. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на […]

Македонците во Австралија со голема љубов прославуваат 35 години од независноста на Македонија

Заедницата во Австралија се смета за една од најдобро организираните во светот, каде што прославите не се само обичен настан, туку чин на национално единство. Големата почит кон македонските национални празници во дијаспората, особено во Австралија, е клучниот столб што ги чува македонскиот идентитет, јазик и култура илјадници километри подалеку од татковината. Манифестациите во дијаспората […]

Митева: Независноста не им припаѓа на институциите и на Владата, туку на граѓаните

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, во текот на целиот месец се организираат бројни активности и манифестации, чија цел е прославата да им се доближи на граѓаните и да го зајакне чувството на заедништво и припадност кон државата. Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ […]

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Пресвета Богородица и нејзините празници – раѓање на Дева Марија (8 септември)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН На три дена пат од Ерусалим се наоѓал малиот град Назарет. Таму живееле праведните Јоаким и Ана, наречени од Светата Црква „богоотци”. Јоаким потекнувал од Давидовиот род, а света Ана од родот на Аарон. Биле многу дарежливи, милосрдни. За […]

1991 – Референдумот и дилемата: „Независност или Југославија“

1991 година претставува една од најсудбоносните и најважни години во современата македонска историја. Тоа е период кога се кршат старите политички системи, се распаѓа Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а македонскиот народ се соочува со историска дилема – дали конечно да тргне по патот на целосна независност или повторно да остане дел од некаква нова југословенска […]

To top