Коментари

ПОДЛОСТА НА ХАНС ДИТРИХ ГЕНШЕР И БРУТАЛНОСТА НА ГЕРМАНСКАТА РЕАЛПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА

tren

tren
М-р Мартин Треневски

(Извадок од книгата НЕЗАБОРАВНИК што ке излезе од печат оваа година)

Во средината на 1990тите години Минхен ни беше многу честа дестинација мене и на моите пријатели од Паневропската унија на Македонија. Сосема разбирливо: во Минхен е седиштето на Паневропската унија на Германија, нам многу пријателска организација којашто континуирано ни дава подршка. Во Минхен е и седиштето на меѓународната Паневропска унија каде македонската асоцијација е рамноправна членка од март 1993 година.

При една од посетите на главниот град на Баварија, во разговорот со нашиот угледен и во Баварските кругови многу почитуван лекар Др Томислав Лукаров родум од Велес, беше споменато дека во Минхен живее и работи Др. Јенс Ројтер, балканолог и еден од најдобрите познавачи на приликите во поранешната Југославија. Воедно, Др. Ројтер важеше и за многу пријателски настроен висок германски интелектуалец кон сите поранешни Ју-републики и народи. Течно го владееше српскиот јазик што го научил за време на едногодишниот студиски престој во Белград, а беше и српски зет.

Др. Ројтер во тие години беше редовно присутен како експерт за Балканот со свои коментари на бројните ТВ канали и други медиуми во Германија давајки коментари и свои видувања за процесите и случувањата во поранешните Ју-републики во почетокот на 1990тите години.

Mи звучеше многу примамливо помислата лично да го сретнам Др. Ројтер и да чујам личнонепосредно од него како гледа на случувањата во нашата Македонија, но и во нејзиното опкружување.

Mу предложив на Томе (Др. Томислав Лукаров) да се обидеме да го контактираме Др. Ројтер и да побараме термин за средба. Речено – сторено! Др. Ројтер не прими  веќе утредента во неговата канцеларија во непосредна близина на преубавиот комплекс изграден во древномакедонски стил во кој доминира огромната – десетина метри висока бронзена статуа на жена, што ја нарекуваат “Majka Бавариja”, веднаш до локалитетот каде секоја година се одржува светски познатиот фестивал на пивото “Октобер фест”.

Канцеларија достојна за секој интелектуалец од негов ранг: секој квадрат користен простор рационално искористен, на сите страни рафтови со купишта книги и ракописи, а на ѕидот портрет на Вук Караџиќ(!?).

На средбата појдовме неколкумина. Се заблагодаривме за приемот и веднаш започнавме да разговараме на македонски теми и дилеми, но едно сознание што во таа прилика ни го приопшти Др. Ројтер беше навистина шокантно за мене, а сеуште е и до денес, бидејки на одреден начин ја отсликува бруталноста на германската надворешна реал-политка кон Македонија. Па дури сметам дека тој настан конкретно го трасира односот на Сојузна Република Германија, па и пошироко на Европската унија кон нашата земја во изминативе 25 години.

Имено, непосредно по објавувањето на Извештајот на Бадентеровата комисија со оценките – која од поранешните Југословенски републики исполнува услови за меѓународно признавање (во којшто Извештај беше децидно констатирано дека Македонија под број еден и Словенија под број два ги исполнуваат условите да бидат меѓународно признаени како независни држави, додека Хрватска треба да почека на меѓународно признавање бидејки во тој период немаше контрола над дел од нејзината државна територија – Источна Славонија која тогаш беше под српска окупација), Геншер со авион на Германското воено воздухопловство од Бон (Германската влада тогај сеуште заседаваше во Бон) одлетал во Атина каде на грците им го понудил следниот валкан и за нашите интереси поразителен политички “дил”: Германија н е м а да ги почитува заклучоците и препораките на Бадентеровата комисија со која се препорачува меѓународно признавање на Македонија и Словенија, туку унилатерално (демек самата таа) ке ги признае Словенија и Хрватска, а доколку Грција ја подржи Германија, званичен Бон н е м а да ја признае Македонија во пакет со Словенија, туку тоа ке го стори кога на ниво на ЕУ ќe биде завземен заеднички став за прашањето на признавањето на Македонија.

Грција, збунета што ја снашло со објавувањето на Извештајот на Бадентеровата комисија со две раце ја прифаќа понудата на Геншер и набргу уследува званичното признавање и од страна на Атина на Словенија и Хрватска.

Истрчувањето на Геншер во меѓувреме не наишло на одобрување кај останатите членки во Унијата бидејки било спротивно на претходно усвоениот став за заедничко признавање на бившите Ју-републики на ниво на ЕУ и Германија претрпела сериозни критики за таквиот потез од останатите членки.

Впрочем, заради таквата своја постапка Геншер после 17 години поминати на функцијата министер за надворешни работи на Сојузна Република поднесе оставка на таа позиција.

Но затоа пак Данајците (Грците) не му останаа должни: Геншер подоцна беше награден со подарок на еден остров во близина на Атина!

Носам впечаток во себе, за жал, дека токму оваа подлост на Геншер и генерално на германската реал-политка кон нас донекаде го трасираше односот на Сојузната Република на политички план кон Република Македонија што го карактеризира одсуството на елементарно човство и разбирање за нашите реалности и проблеми, а што е резултат на германската непринципиелност кон Република Македонија во раните 1990ти години.

Како што би рекол поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис:”класичен пример на САДИСТИЧКИ ДЕСПОТИЗАМ” (оваа флоскула во дипломатскиот речник Варуфакис треба да ја патентира бидејки е негов изум), во случајов на односот на Германија кон Македонија, бидејки по урнекот на гестот на Ханс Дитрих Геншер Европската унија изгради свој политички став секогаш да ја подржува страната на Грција на сметка на интересите на Македонија, од кој не отстапува, третирајки не како “црна овца” на геополитичката карта на Европа и манифестирајки во континуитет непринципиелност и пристрасно завземање страна во наметнатиот проблем со името на нашата земја од страна на Грција.

Впрочем, тоа можеби и не треба да изненадува бидејки модерна Грција пред се е Германско ч е д о и творба. Да не заборавиме дека баварскиот крал Лудвиг II по завршетокот на грчко-турската војна во 1830 година (тоа е ерата на романтизмот) испратил 3.500 експерти од сите можни профили за да направат амалгам од етноси и територии што ќе се нарекува држава Грција, занесувајки се при тоа дека ја реинкарнираат древната Елада.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top