Коментари

Гоце Марков : За оние од кои страдаме…

1goce markov

                                   1goce markov

Наши, ваши и инфилтрати…

Разно-разните квази интелектуалци, квази академици, квази патриоти и останата еклер интелектуала и ден-денес е на нивото на самоодржување како ,,држава”!?

 Студената војна меѓу САД и Русија остави генетски печат без образец врз цел еден народ, белег на планетарно ниво кој може да заврши со нуклеарна разрешница само и само да се задоволат месечевите мени и глобалистичкиот спиритуален оган во душите на триесетина болни умови од луѓе ако веќе можеме да ги наречеме така?Истото е и кај нас…

   Деформирани фолиранти и третокласни политичари дојде ред да создаваат  Поредок, да бараат Право, да плукат Правда…

   Разните инфилтрати во редовите на партиите кај нас во денешново општество ги канализираат како главни двигатели и поддржувачи на противниците на антиглобалистите.

  Овие т.н. ,,патриоти” не размислувајќи за последиците се судрија бескомромисно и задкулисно, за превласт и лажно С, с’скаат зад превезот на иконите и на светците како влечуги…

Овие т.н. Македонци се само бледа слика на она што се вели функционер, државник, пратеник,советник и репер за останатите… Урнек се на нивните идол мејкери, на  колумнистите без школо, на платениците позади параваните, на психопатите од жени, или мажи-различни типови на политички проститутки…

   Не знаејќи каде да фатат правец пак удираат по своите, цепкајќи го и последниот отпор, плукајќи по чистите и одработувајќи за локалното КГБ.  

 Кои сме тоа Ние, во Новото време? Колку сме? Одраз на народот или нешто повеќе? Без принципи и ставови, без политика на отвореност и на чесност, со секојдневни лаги и гафови, не чека истата судбина како СДС ако не ги преиспитаме своите редови и направиме филтрација на устоениот воздух.И ќе нема своја глава, ќе нема свој став, ќе нема позитивно мнение и поддршка од Народ додека матни ликови од минатото се огледало за иднината…

  Еднаш мора да пресече!

Со корумпираните ликови од минатото, со лажните патриоти, со ,,Референдумците”, со продадените за парче нафака и со жедните за пусти тендери, азна и лажна слава.

  Квалитетот на животот во Македонија ќе дојде со квалитетот на кадрите кои ќе  менаџираат во иднина.Тие луѓе ќе бидат базата за квалитетна и сигурна иднина.Се дотогаш ќе си чекаме ,,брз воз” на стари шини!

 На оваа грутка и требаат ликови кои ентузијазмот ги влече напред а не некакво си сидро…

Нам ни требаат луѓе со култура на говор, со широк спектар на образованост, со квалитети на менаџери и познавачи во својата струка-докажани во своите области…

   Македонија се наоѓа во еден политички вакуум, во расчекор, со изморен и политички уништен Народ, со декларативни политичари и неми набљудувачи на случувањата а граѓаните тоа го гледаат… за нив најмногу ми е жал.

   Профитерите пак ќе бидат ,,со сите”! Ќе се направат нови смешни договори, продажба и дил со сработеното, размена во натура и ДДВ на секоја душа.

   Весникарите и хибернираните медиуми се, или под партиска, или под  амбасадорска капа.   Најголемиот број од т.н. интелектуалци лесно можеш да ги купиш со некој ситниш или некој проект, невладини организации кои се испостава на една или повеќе амбасади и служат за лично богатење со тоа што секогаш се подготвени да одработат по нарачка, ако знаат дека со пар лижавчиња можеш да си купиш и пратеници, зависи од цената?!Во овој временски моментум Македонија не е држава која има своја глава и свој ум. Затоа уште еднаш апелирам да гледате десно и да размислувате вмровски!!

Автор:Гоце Љ. Марков

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top