Коментари

Тихомир Стојановски : ПОСЛАНИЕ ДО СЛЕПИТЕ ВОДАЧИ НА МАКЕДОНЦИТЕ

1tihomir stoj

1tihomir stoj Тихомир Стојановски

Слеп политичару кој себе си и Македонците ги водиш во јама, ти кој служиш на сатаната и поднебесните сили на злото, кој ги продаваш и понижуваш Македонците.

Ние не сме против Русите, или било кој друг народ на пример: Украинците, Американците, Албанците, Болгарите и Гарците. Ние сме народ именуван и пишан во Исусовото писмо и треба да ги љубиме сите.

Но ти немаш дозвола и согласност да не продаваш на сатанскиот пазар за ти да се наполниш со пари, да потпишуваш сатански договори во името на Македонците, кој и да си од кое племе да си?!

Така сите потпишани договори, без волјата на Македонците, се сатански и ништожни: пржински, охридски, преспански, тирански, татарски, сосе натосаното европејство…каде две земји членки на тие темни сојузи не признаваат Македонци и македонски јазик, како на пример болгарите и грејците, сетне и упреку, а вие слепи водачи, среброљупци упорно како некој малоумни, тврдоглави магариња или завладеани од паднатиот не водите таму.

Македонија му припаѓа на Исус Христос и велиме не, за сатаната и смртта и да, за Исуса Христа во Македонија. Исти права и обврски , иста љубов за сите. И за Македонците, Албанците, Грците, Бугарите!

Ако не знаете, еве вистина ви велам, ве потсетувам, во името Исусово, дека ќе одговарате за своите дела, од Исусовиот суд, таму нема бегање како од земните судови. Засекогаш Исус, насекаде Исус, во секого Исус.

Покајте се и раскинете ги сите сатански договори веднаш. Можеби уште утре ќе биде предоцна.

Љубовта Исусова со нас.

Мир вам, до Божјо царство небесно.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top