Култура и туризам

Туристички потенцијал на Штип

bargala

Баргала

bargala

На 18 километри источно од Штип во месноста Горен Козјак во подножјето на планината Плачковица е лоциран доцноантичкиот – ранохристијанскиот град Баргала.Во периодот од 4 до 6 век градот израснал во силен црковен и културен и економски центар на просторот по средниот тека на реката брегланица и преставува едне од најзначајните ранохирстијански епископски градови во Република Македонија.Доцноантичката термо бања со својата добра сочуваност представува архитектонски бисер на градот. Објектот во целина представува архитектонски склоп на неколку поединечни простории мегусебно функционално поврзани секои од нив со посебна намена: аподитериум (соблекувална), фригидариум (ладна бања), тепидариум (бања со млака вода), лаконикум (просторија заиспотување сауна) и калдариум (топла бања). Според евиденција која се вклопува со историските извори кој крајот на 6 и почетоко на 7 век, градот страда при аварот-словенската инвазија на балканот.
Епископската базилка е трикорабна со нартекс, егзонартекс и бабтистериум – крастилница.

Северниот кораб на базиликата е познат полихромен мозаик со представа на геометриски орнаменти, а во средината издолжен крст. Објектот изобилува со богата архитектонско – декоративна и склуптурна мермерна пласита : капители, колони (столбови), архитравни греди, парапетни плочи, менои и така натаму. Сакралните и другите објекти на градот се делумно или целосно разсурнати. во градот покасно никнува една од најначајните средно вековни населби. Показател затоа е раносредновекновната црква св.Ѓорѓи.

Кежовица

Лековитоста на водата од изворите на оваа бања е позната по широко и истата се сврстува во групата на најкорисните за цовековото здравје во светот.Хемиската анализа потврдува дека темпертурата на водата константни 58 степени целзјусови, водата изобилува со: натриум, калциум, калиум, магнезиум, хлор, сулфат и хиднокарбонантрни и колоидно растворени : силициум оксид, алуминиум оксид , железен оксид. Водата лекува : дијабет, гихт. бронхид, траехид бронхиална асма, ринит, хориничен екцем псоријазис,уртикарии, хипфункција на половите жлезди, хипоплазис утерии, анексити, офорити, баротинити, стерилитет, и ареосклеороза.

Водите на бајанта кежовица спагаат во групата на јувенилни води.

Бањата располага ос споствен капацитет од 110 легла во оделенијата за физикална медицина и рехабилитација и комплетен терапевцки дел за балнеотерапија, електро терапија, кинезотерпаија. електодијагностика.

Убава Македонија

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top