Култура и туризам

Братство (културно-просветно друштво)

Solunska-gimnazija

Solunska-gimnazija

Братство е културно-просветно друштво создадено од битолското граѓанство со цел да се спротивстават на Бугарската егзархија и бугарска пропаганда во Македонија.

Во 1880 година во Битола било основано друштвото Братство, а една година подоцна било основано читалиштето Просвештение. Ова читалиште на 25 март 1881 година донело свој устав.

Во друштвото Братство не членувале само егзархисти туку и патријаршисти, а имало претставници и на муслиманите (Албанци и Турци). Меѓутоа егзархистите биле доминантни и затоа егзархиската црковна власт во Битола го сметала друштвото за своја компетенција, бунејќи се притоа поради членувањето на другите верски и национални припадности.

Братство и Просвештение официјално имале просветни цели. Меѓутоа, токму поради таквата просветно – културната дејност, тие дошле во судир со претседетелот на Битолската егзархиска општина, попот Ставре. Подоцна во судирот се замешала и самата Егзархија.

Поводот за судирот се случил на 12 февруари 1883 година. Тој ден во училишната зграда се одиграла комедијата Беспаричие на Тургењев, во превод од руски на македонски народен јазик. Таквата дејност продолжила и истата година била прикажана и пиесата Цилиндер од Стојчев во превод од бугарски на македонски говорен јазик.

Подоцна биле прикажани уште три Молиерови комедии Лажно болниот, Скаперник и Лагите на Скамен. Комедиите биле преведени од француски на македонски народен јазик од страна на Влавот Коста Косму, драмски писател и поет од селото Гопеш, Битолско.

Коста Косму, по потекло Влав, предавал во Битолската гимназија бугарски јазик и литература. По барање на граѓанството започнал со преведување на драмски текстови од странски автори на макеоднски јазик (битолско наречје), со што предизвикал отпор не само кај Бугарската егзархија, туку и кај романското Министерство за надворешни работи. Од романска страна му било советувано да се зафати со преведување на драмски текстови на влашки. Косму ја прифатил сугестијата и на влашки ја превел пиесата „Лагите на Скапен“. Изведбата на оваа пиеса станала во с. Гопеш од страна на аматерска драмска група.

Поп Ставре протестирал во име на општината токму поради репертоарот и употребата на македонскиот говорен јазик наместо бугарскиот јазик од страна на драмската секција. Ставре за својот протест ја известил и Егзархијата.

Братство во однос на протестот на поп Ставре истакнало деко егзархиската црковно – училишна општина нема право да се меша во дејноста на друштвото, бидејќи тоа не е во состав на општината.

Спорот траел до септември 1885 година. На 17 септември 1885 година општината го известило Братство дека треаба да ја прекрати својата дејност, бидејќи не се покорува на своето началство. Друштвото од своја страна пак на 25 септември 1885 година донело одлука да се обрати до вилаетската власт и да биде регистрирано согласно со турските закони. Во молбата која била испратена било истакнато дека:

Друштвото нема никаква врска со Егзархијата, дека е чисто граѓанско, во кое членуваат не само егзархисти, туки и патријаршисти, како и извесен број муслимани. Повикувајќи се на чл. 23 од Берлиснкиот договор, друштвото барало вилаетската власт да го регистрира како граѓанска институција

Меѓутоа вилаетските власти одбиле да извршат регистрација на друштвото, истакнувајќи дека просветата за христијаните е во исклучива компетенција на црквата па друштвото треба да се одлучи за една од двете цркви: Егзархијата или Патријаршијата. Властите истовремено истакнале дека муслиманите не смеат да членуваат во христијански друштва по никаква законска основа.

Друштвото, добивајќи ваков одговор од властите и несакајќи да се покори на Егзархијата, решило да престане со својата работа.

Главниот судир меѓу нив (Братството и Егзархијата б.н) бил јазикот. Големобугарската пропаганда, како впрочем и другите нациоанлистички пропаганди, наметнувањето на јазикот на своите приврзаници го сметале како најефиксано средство за постигање на своите хегемонистички цели. Поради тоа, не случајно егзархиските управни органи во Битола толку остро реагирале против употребата на македонскиот говорен јазик во битолскиот аматерски театар… Прашањето за јазикот било примарно, бидејќи македонскиот јазик, како уште неоформен во литературата, претставувал најсилна тврдина за зачувување на културните и етничките белези на Македонецот.

Извори

Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура – Скопје, 1980

В.Марица VI/1 март 1883, бр. 468, с.4

В.Марица VI/5 декември 1883, бр. 493, с.4

Tache Papaochgi, Antologie aromänescä. Buchuresh, 1922, XXX, s. 232, 239, 240, 245

В. Зорница, X/16 декември, бр. 51, ц. 202 (Общините в Македония – продолжение осмо)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top