Култура и туризам

Непребол

nerebol

III – Прличева награда, расказ на годината за возрасни

nerebolБеше веќе полноќ. Во тие доцни часови, се слушаше само звукот на ветерот од надвор, и крцкањето на старата врата. Се свиткала крај огништето, погледот вперен во сликата на ѕидот. Под слабата светлина од газиената ламба се заприметуваше нејзиниот тажен лик, и солзи по старото избрчкано лице. Стана од своето столче  и застана крај прозорецот. Ветрот и натаму силно дуваше и чиниш како да го откорнува покривот на малата трошна куќичка. На масата имаше парче бел леб. Тамам почна да крши од лебот некој тропна на вратата.

Со брз чекор и возбудена дојде до вратата и тивко праша:

Кој е?

Јас сум Петре, твојот сосед, отвори, не плаши се. Петре секогаш се загрижуваше кога ќе видеше светло  во куќата на баба Анѓа после полноќ.Знаеше дека не спие, дека пак е со мислите таму некаде далеку. А нејзиното здравје од ден на ден се повеќе се влошуваше. Нејзините синови ја напуштија родната куќа многу одамна и никогаш не се вратија назад.  По смртта на нејзиниот сопруг остана сама во куќата.

Соседот Петре влезе внатре и седна покрај огништето. На малото масиче имаше неколку стари фотографии  кои баба Анѓа љубоморно ги чуваше. Фотографиите беа нејзина утеха но и болка. Често пати  знаеше да се исплаче и да воздивнува по своето чедо заминато по белиот свет. Диме имаше 20 години кога реши да  замине од родното место.  Беше во еден јулски жежок ден. Сакаше да замине некаде далеку, да се отргне од секојдневните грижи и немаштијата.

На заминување и рече на мајка си дека ќе се врати  за година – две и ќе направи најубава куќа во селото. Поминаа 40 но тој не се врати. Баба Анѓа живееше во надеж секој ден, секоја година. Живееше со спомените на нив и со по некоја испратена фотографија и писма на кои се тркалаа жешки солзи и кои ги препрочитуваше по неколку пати. Остана сама да го чува родното огниште,  да се грижи за стоката и да работи колку може. Само таа знае како тешко ја доживеа разделбата со своите синови. Таа имаше само еден сон, само една желба,да го види повторно својот син.

Додека соседот Петре ги разгледуваше фотографиите, а баба Анѓа му раскажуваше за детските палавштини на Диме, за среќните мигови поминати заедно под еден покрив. Знаеше само дека тој нашол прибежиште во Аргентина, дека отворил свој дуќан и заработувал само колку за живеење.

Во селото сите ја знае нејзината болка, и се обидуваа да ја утешат, дека не е само таа останата сама и дека има многу кои си заминале во туѓина за подобар живот. А баба Анѓа само ќе воздивнеше и ќе речеше , ‘ Знам дека има, но …секој со својата болка, секој си знае за себе‘

Цената не мајчината болка никој не може да ја надомести, ниту спечалените пари во туѓина.

И така се стемнуваше и осунуваше со истите маки. Другиот ден се разбуди околу 10 часот на утро. Некој пак зачука на вратата. Баба Ванѓа отиде да отвори и само што ја отвори вратата некое необично чувство ја обзеде. Цела се наежи и се вознемири. Пред неа стоеше високо момче со црна коса и кафеави очи. Исти како на Диме. В раце држеше куфер. Таа со треперлив глас праша: – Кој си ти?

– Добро утро бабо…ти не ме познаваш ама јас доаѓам од Аргентина. Татко ми многу ми кажуваше за тебе. Татко ми Диме. Јас сум Веле, неговиот син. Дојдов да го видам родното место на тато.

– Ох, колку ли ме изненади!!Влези внучко, влези мило мое. Седни, остави го куферот.

Кажи ми дали си гладен? Како е татко ти? Кажи ми се за него.

Веле се подзамисли и наведе главата. Зборовите како в грло да му застанаа.

– Бабо, татко ми не е веќе жив. Го нападна тешка болест пред пет месеци и не можевме да го спасиме.  Јас знам дека ќе жалиш, но мора да бидеш храбра и силна како што беше тој. Секогаш ми зборуваше за тебе и дедо, за тоа колку сте се грижеле за него.

Баба Ванѓа почна да плаче. Се угуши од солзи. Веле ја гушна и и рече

– Јас дојдов бабо засекогаш да останам во твојот дом. Тоа е аманетот што ми го остави татко ми ‘врати се  дома сине, во Македонија, врати се  во родниот крај и никогаш немој да го напушташ‘.

Gordana_Dimovska_-_KopieГордана Димовска, Мелбурн

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top