Македонски легенди

Славка Чакарова

slavka-cakarova

Славка Чакарова Пушкарова (1879 – 1956) е македонска револуционерка и учителка. Учествува во изработката на револуционерното знаме на Струшката револуционерна околија.  Работи на припремата на организацискиот весник „Слобода или смрт“. Организира и пренесува оружје, муниција и друг материјал за четите. На станицата во Солун била уапсена, а потоа на процесот во Солун, била осудена на смрт. По херојското држење и притисок на јавноста била ослободена и протерена од земјата.

Славка Чакарова е родена во 1879 година во Струга, во семејството Агнија Чакарова и Георги Чакаров. Нејзиниот татко активно учествувал во борбата против грчката Цариградска патријаршија и се бори за раководење на црковно-училишните општини, како и за обновување на Охридската архиепископија. Тој бил близок пријател со Григор Прличев и соработник на браќата Миладиновци, со кои бил уапсен во 1861 година, но потоа бил ослободен.

Следејќи ги стапките на таткото Георги, Славка и нејзините браќа Александар и Станислав Чакарови стануваат дејци на ВМРО. Нејзината сестра Анастасија, исто така учесник во револуционерното дело, била сопруга на Димитар Узунов и мајка на војводата Христо Узунов.

По завршувањето на Солунската женска гимназија, Славка Чакарова работи како учителка во Струга, каде била посветена во револуционерното дело. Заедно со Анастасија, Костадина Хаџова и Царева Деребанови, како и со други, го создаваат женското друштво „Светлина“. По создавањето на првата организациона чета, жените од градот даваат платно од чеизот, а групата на Славка од него шијат долна облека за сите 12 четници. Исто така тие им плетат чорапи и други потребни работи. Славка го вези натписот на нивните капи „Слобода или смрт“.

Славка Чакарова подоцна учителствува во Охрид, каде се собира голема група на македонски жени револуционери: Анета Шахова, Аспасија Каневчева, Василка Размова, Костадина Бојаџиева, Клија Самарџиева, Костадина Настева, Поликсена Мосинова, Фанија Шулева и др. Во текот на 1899/1900 година, една од големите акции на учителките во која учествуваат било пренесувањето на оружјето за четите. Славка ја искористила свадбата на својата сестра за да го пренесе оружјето. Колешките од Охрид кои патуваат на свадбената веселба во Струга, на дното од чамците ги пренесуваат пушките и патроните.

По Охрид заминува во Скопје, каде следните четири години работи како учителка и ја продолжува својата револуционерна дејност. Месниот револуционерен комитет со кој раководи учителот Никола Пушкаров (иден сопруг на Славка), ја назначил Славка Чакарова за секретарка со задача да ја раководи шифрираната коресподенција и да ги посетува затворите и конзулатите. Повторно околу неа се собираат македонските револуционерки како што се: единствената љубов на Гоце Делчев, Јанка Каневчева, потоа Амалија Примиџанова идна сопруга на Климент Шапкарев и Љуба К. идната сопруга на Владимир Руменов.

Славка работи како краснописец и на организациониот весник „Слобода или смрт“, чиј редактор е Пушкаров, а хектографиран од учителките. Сите учители и учителки вежбале стрелање во околината, а оружјето за четите го пренесувале под облеката. Пред самото Илинденско востание, по заминувањето на Пушкаров во Бугарија за да превземе чета и оружје и муниција за востаниците во Македонија, заменик во работата била Славка Чакарова. Со помош на другите таа ја одржува врската меѓу градот и селата.

Инаку, две години по првото знаме во Струшко, раководителите на Македонската револуционерна организација во Струга им нарачале да изработат друго знаме. Славка за време на престој во родното место учествува и во неговата изработка. Во 1902 година во куќата на А. Чакаров, учителките Славка, Анстасија и Милица Чакареви, заедно со Царева и Константина Деребанови го изработиле знамето на Струшката револуционерна околија. Во изработката на знамето учествуваат уште и Костадина Галабова, Катерина Несторова, Костадинка Вангелова и Анастасија Малешева.

slavka-cakarova

На ова знаме, на едната страна е извезена девојка која во десната рака држи меч, а во левата знаме со текст „Слобода или смрт“. Расплетената коса на девојката на знамето била извезена од вистинска коса што ја подариле Костантина и Царева Деребанови. Лево од девојката е претставен исправен лав, извезен со темноцрвен конец, кој  свртен кон левата страна, со предните нозе цврсто го држи за дршката знамето, а со задните го гази и раскинува турското знаме и робските синџири. На другата страна на знамето е преставен разгневен лав кој го раскинува знамето на поробувачот со подигнат опаш во форма на факел.

На 27 јули 1903 година, знамето извезено од Славка Чакарова и нејзиното женско друштво „Светлина“ било предадено на знаменосецот Милан Гагов кој го носи кај востаниците во Вевчани. За време на Илинденското востание знамето се вее во четата на Милан Матов, а по задушувањето на востанието, тоа му било предадено на Георги Чакаров, кој во 1917 година го носи за Софија. Многу години потоа струшкото востаничко знаме, кое како реликвија било чувано од Јорданка Миладинова-Чернова и нејзиниот син Климент, било предадено на Воено-историскиот музеј во Софија.

По задушувањето на Илинденското востание, Славка Чакарова заминува за родниот град, но преку Солун, за да пренесе муниција и оружје. На станицата била претресена и уапсена, а потоа на процесот во Солун, во присуство на огромна и одбрана публика, како и на преставници на странскиот печат, била осудена со бесење. Пред судот таа се држела јуначки, а под притисок на јавноста била ослободена и протерана во Бугарија.   

Славка Чакарова станува сопруга на деецот на Македонската револуционерна организација Никола Пушкаров во 1906 година.  Со него живее во Бугарија каде  починала во 1956 година.

Најново од: Македонски легенди

Нада Николова – македонска револуционерка и партизанка

Нада Николова (27 јануари 1919 – 16 декември 1942) е македонска револуционерка и партизанка, учесничка во подготовките за вооруженото востание против окупаторската власт во Втората светска војна. Загинала во судир со бугарската полиција во близина на велешкото село Војница, на 16 декември 1942 година. Нада Николова Бутникошарева е родена на 27 јануари 1919 година во […]

Димитрија Чуповски – борец за самобитноста и слободата на македонскиот народ

Димитрија Димов Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември 1878 – Ленинград, СССР, 29 октомври 1940) е еден од најистакнатите организатори и афирматори на македонската национална мисла. Поет, публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културен деец, тој го посветил својот живот на борбата за самобитноста на македонскиот народ, за обединување на Македонија и за создавање самостојна […]

Анастас Лозанчев – револуционерот и фотографот во Главниот штаб на Илинденското востание

Анастас Лозанчев (8 април 1870 – 8 ноември 1945) е македонски револуционер, учител и фотограф, еден од раководителите на Македонската револуционерна организација во Битолско. Учествувал на Солунскиот конгрес во јануари 1903 година и бил меѓу застапниците за кревање востание. На Смилевскиот конгрес, заедно со Даме Груев и Борис Сарафов, бил избран за член на Главниот […]

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

To top