На прво место

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија со значајна донација за Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија предаде значајна донација на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, испраќајќи силна порака за хуманост, солидарност и грижа кон најмладите.

Директорката на установата, при приемот на донацијата, изрази искрена благодарност за поддршката и вниманието што институцијата го добила од Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.

„Понекогаш зборовите се премалку за да ја опишат благодарноста што ја чувствуваме. Од срце, со искрена почит, упатуваме благодарност до Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија за нивната човечност, подадена рака и искрена грижа.

Вашиот гест не е само донација — тоа е надеж. Тоа е чувство дека не сме сами. Тоа е топлина која се чувствува во секојдневието, сигурност која носи мир и насмевки кои доаѓаат од срце.

Во време кога најмногу значи поддршката, вие покажавте што значи вистинска солидарност и љубов кон заедницата. Со вашата добрина внесовте светлина, достоинство и верба дека добрите луѓе секогаш постојат“, изјави директорката.

Од Домот за доенчиња и мали деца – Битола посочуваат дека ваквите донации имаат огромно значење за секојдневното функционирање на установата и за создавање подобри услови за децата кои престојуваат таму.

Најново од: На прво место

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа – за подобра, поразвиена и успешна Брвеница! ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Од партијата очекуваат обединување и широка поддршка за кандидатурата, со порака дека Брвеница заслужува чесно, одговорно и посветено раководење. На редовна седница на Извршниот комитет на […]

Има ли крај на седумгодишното недомаќинско работење на владата на СДС и ДУИ?

Извештајот на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8 повторно го отвора прашањето: колкава е сметката што Македонија ја плаќа за пропустите, доцнењата, неправилностите и недомаќинското управување со јавните пари во седумгодишното владеење на СДС и ДУИ? Пратеникот Бојан Велјановски посочи дека Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот […]

Македонски историски календар: 11 септември

1903 – Борба на македонските востаници на планината Плавица На 11 септември 1903 година, во времето на Илинденското востание, на планината Плавица во Кратовско се водела жестока еднодневна борба меѓу здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата и бројната османлиска војска. Македонските револуционери, иако послабо вооружени и многубројно надминати, храбро ги бранеле […]

Се потврди дека нема незаконитост во прославата: Филипче и СДС да се извинат за лагите

По објавувањето на информациите за организацијата и финансирањето на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија, не беа презентирани докази за незаконско постапување. Наместо сензации и политички конструкции, јавноста доби конкретни податоци. СДС и нивниот претседател Венко Филипче со денови се обидуваа да создадат сомнеж околу прославата на 35 години од независноста на Македонија. Се […]

Потресни сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија

Книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ од Оскар Давичо открива сведоштва за прогоните, злосторствата и масакрите извршени врз Македонците за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година Пишува: Трајче Димков На одбележувањето на Денот на независноста на Македонија и годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во Штип беше промовирано најновото […]

Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари

Премиерот Христијан Мицкоски откри колку средства од државниот буџет биле потрошени за едномесечната програма по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Од настапот на Стив Аоки, преку музичките програми и настапите во повеќе градови низ земјата, па сè до завршниот концерт на Дејвид Гета во Скопје – Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за […]

To top