Култура и туризам

„Со мевот по лебот“ од Битуше за Солун

kopanka

kopankaСе собравме кумпанија. Водач ни беше стрико Марко, а во кумпанијата покрај него бевме ја, Трајче и Угрин. Кинисавме за Солун. До Маврово одевме пешки. Во Мавровските анови стасавме негде околу зајдисонце. Влеговме да се одмориме од потот. За стреќа наша овде најдовме еден кираџија од мавровските села кој се готвеше со араба да оди во Гостивар. Кога разбра дека сме гурбетчии и со малу пари се стори каил да не префрлет до Гостивар. Беше некој домаќин и многу чесен човек. Не испраша од коде сме, коде ќа гурбетуваме, дали имаме некој шо ќа не прифатет, ќа имат ли работа и таке со ред. А кога му кажавме дека сме тргнати „со мевот по лебот“ и дека од нами четворица единствено само водачот наш, стрико Марко,.. токо како и да не веруаше и стално повторуваше: „Па добро бре луѓе, како ќе се снајдете тамо. Па вие осим мистриите и чекичите немате друго со вас“.

– Имаме, имаме, како немаме – повеќе на мајтап му вела ја, колку побрзо да ни минет времето. – Погледај – му вела –  со нами носеме и фабрика – со роката му ја покажува бичкијата (пилата) на стрико Марка која полоина беше во торбата, а полоина излезена надвор. Со ова фабрика ќа печалеме многу пари.

Стрико Марко овој мој мајтаплок за  бичкијата – фабрика го разбра поинаку. Се намурти и се скисели. Се гледаше дека не му е драго и мислеше дека ја играм мајтап со неговата мајсторија, бидејќи стрико Марко не само во Битуше, токо и пошироко во нашиот крај беше познат дограмаџија. Само побогатите фамилии во нашите села имаје дограма лично изработена од него. Само тој зноеше да направет оригинални шари на враќето и пенџерите, а долапите изработени од неговите роци ги красеје одаите во најбогатите куќи во Битуше, Ростуше, Вељобрдо и другите села.

Низ разговор времето брзо течеше. Арабата влечена од два добро ранети коња, со леснотија и врвеше завијоците во Лаиница.

Стигнавме во Гостивар. И право влеговме во Мирчевиот ан. Слеговме, ги зедовме и пљачките и кога сакавме да му платеме на арабаџијата тој никако не сакаше да ни земет пари. Рече: „Вије сте многу добри луѓе. Вистина сиромашни, ама многу чесни“. Сигурно му остаивме впечаток со муабетите за на крај, во Мирчевиот ан, тој да не почастет по еден чај и на разделбата покрај тоа што ни посака среќен пот ни рече: „А за плаќањето – наши сме. Аку добро спечалете ќа се видиме и тогаш ќа ми платете… – рече ќираџијата и замина.

Ноќта одморивме во Мирчевиот ан. Наредниот ден нова нафака. Нов пот кон непознатиот печалбарски живот и свет. Ама за теја нишчо не зборевме. Од Гостивар за Скопје тргнавме пешки низ полето, преко Волковија и Стенче, Сува Гора и Дервен, некаде побрзо, некаде покроце со мало одморвење го грабнавме патот кон Скопје.

По патот немавме никакви проблеми. Вистина многу уморни негде околу зајдисонце стигнавме во Скопје. Се сместивме во чекалната на Скопската железничка станица. Внотра имаше бајги народ. Поседнавме на подот и изморени од потот сите четворица заспавме ѓоа заклани. Ич не се плашевме од апаши. А немаше шо да ни украдет, осум ќепариња, мистриите и закрпените торби. Малкуте пари што ги имавме за пот бее добро склонети во специјално сошиени платнени ќесиња скриени во гаќите.

Утрината се разденивне во истата положба како шо сме легнале. Вистина уморот ушќе го осеќавме, ама кога се разбудивме бевме многу посвежи. Извадивме карти за возот за Солун. Возот беше поставен на колосек. Инаку до кинисувањето  имаше уште некои два-три сати, мие се сместивме во едно купе. Отиде стрико Марко купи тазе леб, се залебивме и чекавме возот да тргне.

Сакав да го праша стрика Марка да ни кажет нешќо поеќе за земјата во која ќа гурбетуаме. Стрико Марко беше многу шкрт чоек на зборои. Муабет праеше само аку имаше потреба. Ми одговори дека и тој бил еднуш и дека нишќо не зноет. И него го воделе како шо тој не` водет нас. Угрин и Трајче молчее. Сигурно и тие си думае шо не очекуват во непознатата земја. Едно беше сигурно. Никој од нами не се надаше дека не` чека нешто добро.

Најпосле возот тргна. Со него и мие кинисавме во непозната земја. И додека возот и кусеше километрите до Солун, мие четворица завалени во купето, бевме загајлени дали ќа најдиме работа. Дали е вистина како шо ни велее пред нашето тргнување дека драхмата била „горе“.

Возот грабаше кон Солун,  а ја со мислите стално бев во Битуше. Меѓу моите. Копнеев да и зема в роци моите две мали деца шо и остаив. Синот Љубо и ќерката Стојанка, како да и гледа пред мене додека возот фучеше, како и тие нажалено ме испраќает во непознатата туѓина. Си думав колку ќа беше поубо да имаше работа негде туе, во нимна близина да бида и ја со ними. Но се тешев самиот шо бее здрави, прави и напредни, што за нив има кој да се грижет и дека и ја на гурбет ода токмо за ними. Да спечала нешќо и ними да им го донеса. Си думав со умот колку е неправеден овој свет. Тога кога требет да се радвеш на животот, мораш да одеш, да се разделеш од најмилите. Ама од пустата судбина или како шо велеше мајка од пишаното не се бега.

Стигнавме во Солун. Гледам големо градишќе. Слеговме од возот. Многу народ. Зборет, викает, се договарает – мие нишќо не разбираме. Стрико Марко ни рече дека сега одеме во „Корча ан“. Тој бил најподесен за гурбетчии. И само шо тргнавме со торбите в роци, трчает по нами амали да ни го носет багажот. Каков пусти багаж. По една искината и закрпена торба. Стрико Марко напред со бичкијата в роци, мие по него, кинисавме кон анот.  Ни се влечет пантолоните и креваме могли прашина. Мислеш по улицата врвет камиони. Луѓето ни прает пот и бегает да не се закачет за торбите и бичкијата на стрико Марко. Се чудет од коде сме и коде одеме. А ја и покрај уморот се мајтапа: „Од далеку сме пријателе… Од многу далеку.„На едно окво прашање на еден солунчанец, што знаеше нашински, му вела: „Не прашувај. Од многу далеку сме. Од Сојединетите штати.“ А тој ни едно ни две, низ смеење ми одговори: „О вокви какви шо сте не личите на никакви американци…“

Дојдовме во „Корча ан“. Кога не видоа немиени, небричени, искинати, без да не прашает не` однесое во една појатка покриена со прочки од врба. „Добро бре – му вела на нашински на детето што не` носеше кон појатката, прашај не` белки сакаме одаи со кревети“. Гледа детето ме разбра. Го зноело нашинскиот и измешано пола нашински пола грчки ми рече дека одаите со кревети се скопи и дека мие не сме имале пари да платеме. А и да сме имале пари, рече детето, окви какви шо сме биле ќа сме им ги избркале мушќериите. Шо се однесуват до парите детето беше во право. Мие имавме ушќе толку пари да купеме леб да не умреме од глад. Седнавме на дрвените клупи. Детето ни го покажа и местото во појатката послана со слама, коде шо ќа можеме да прилегнеме.

Петдневното путешествије за нас заврши. Сега наступује најтешкото. Да се нает работа. Да се извадет пари. Седнати на дрвените клупи во шупата од анот почнавме да правеме план. Стрико Марко рече дека работа во градот за нами немат. Работа требет да се барат по селата. Праеме есап колку ќа не чинет аку по селата тргнеме со воз. Есапот излезе ѓаол и пол. Одлучивме пешки да ја крстареме Егејска Македонија. Тргнавме кон некое гратче, или село, се викало Негритас, за кое во анот ни рекое дека можело да се наит работа. По потот за Негритас не стигна една запрежна кола. Колаџијата нејкој си Гавро малку разбираше нашински, застана и не праша коде одеме. Дај-недај некако се пазаривме со него да не поведе до Негритас, коде шо одел и тој. Се качивме на арабата и тргнавме. Ама кога немаш к’смет, шо можеш да праеш. Не поодевме ни стотина-двесте метри, колата се скрши. Падна предното колце. Качувањето во арабата не кошташе ѓаол и пол. Парите и дадовме колата не можеше да се поправи и ние пак тргнавме пешки.

Изморени, ненаспани, гладни, како музи без глави, скитавме низ широкото Солунско поле. А аку по патот некој не прашаше од дека сме и дека идемо, ја и покрај големиот замор како од топ им одговарав: „Во Галилеја одеме. Ја шетаме земјава. Еве веќе петнаесет години патуваме…“ Шо да праеш, си думав со умов мој ако и самиот со себе не се мајтапеш и времето не одет. Таке одееќи пешки дојдовме во едно село. Бевме премалени за јадење. Се договоривме стрико Марко и Угрин да влезат во селото и да питает леб, а јас и Трајче да и чуваме пљачките и да чекаме. По некое време се вратие со малу леб и не окуражије дека сме близу до Негритас. Коснавме шо коснавме, ја залебивме малу душата и го продолживме потот. Во Негритас го доживеавме првото големо разочарување. Работа вистина имаше ама ѓунделукот беше многу мал. Со есапот што го направивме излезе дека е подобро да питаме леб отколку да работаме зашќо со заработениот ѓунлук не можевме да купеме парче леб.

Од книгата „Копанка“ (Печалбарски запис на Трпе Фиданоски, подготвил Гале Фиданоски, Битуше 2010.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top