Култура и туризам

Воден е град во Егејска Македонија

voden

voden

Воден е град во Егејска Македонија, денес северниот дел на Република Грција, северозападно од Солун, или поточно во префектурата Постол, со 18.253 жители (2001).

Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади, кои се голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња.

Во градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.

Градот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга.

Ајга (денешен Кутлеш) бил еден од позначјните и поголеми градови во времето на Македонското Кралство. Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот Пердика I (729 – 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот Архелај кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот Пела кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви.

Во времето на Отоманската империја, Воден и воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун – Битола.

Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top