Култура и туризам

Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион (1 дел)

dico-zograf-1

dico-zograf-1

На полето на уметничките создавања во бурниот XIX век, време кога се раѓаат силни противречности и судири помеѓу старите и новите поимања за црковната уметност, на македонската сцена како централна фигура со својот импозантен опус и талент се издигнува врвниот иконописец Дичо Крстевич – Зограф. Делото на овој мајстор кој во својот работен век од триесеттина години изработил над 2000 икони, го следиме насекаде низ Македонија, но и во соседните Србија, Бугарија и Албанија…

Зачетоците од богатиот творечки пат на Дичо Зограф, во периодот од 1840 – 1844 г. (работата во црквите на егејското крајбрежје, зографскиот ангажман во црквата Св. Георгија во Лазарополе и идентификацијата со зографот Дичо Перкоски чиј потпис се наоѓа на две места во овој храм) се уште остануваат неразрешена енигма на која идните проучувачи ќе треба сериозно да се посветат. Се до денес, за најрано досега познато Дичово дело се прифаќа иконата Богородица Пантохора од црквата Св. Јован Канео во Охрид, а која ја потпишал и датирал во 1844 година.

Во истата и следната, 1845 година, Дичо работи иконописни нарачки за црквите во својот крај, во село Росоки, за црквата Воведение на Богородица и во родното село Тресонче, за црквата Св. апостоли Петар и Павле каде се навраќа неколку пати, се` до 1854 г., кога ги презел последните зафати. Истата, 1845 година, со нови траги од Дичовата рака се среќаваме и во струшкиот крај, каде го оставил својот потпис на иконата Воведение на Богородица, од истоимената црква во село Јабланица.

dico-zograf-2Во следните две години Дичовото дело го следиме во црквите од скопскиот регион. Првата нарачка во овој регион, според досегашните сознанија, ја добива за црквата Св. Богородица (Св. Спас) во село Кучевиште. Во 1845 г., Дичо заедно со своите соработници работи на обновување на иконите за иконостасот, но по пожарот од 1983 г., кога изгорел поголем дел од иконите, останала сочувана олтарната врата од протезисот на која Дичо го насликал Архангел Михаил како ја одзема душата на богатиот (кат. 1) и ја потпишал: ■(■ ^грдфт» сллг|ренѓ| дѓ|чо (5 деворт* I, а под потписот ја навел годината 1845, месец ноември, ден 30 и уште три помали празнични икони кои не се потпишани: Раѓање Христово (кат. 2), Крштевање Христово (кат. 3), Влегување во Ерусалим (кат.4) и иконата со претставата на св. Петар (кат. 5) од иконите со апостолите, а за кои без сомнение може да се тврди дека се дела на Дичо Зограф. Тие денес се чуваат во протезисот на олтарниот простор од црквата.

При крајот на истата, 1845 г. и следната 1846 г., продолжува со работа во скопскиот регион каде добива голема нарачка за црквата Св. Георгија во село Бањани, за што дознаваме од ктиторскиот натпис над западната врата која води од припратата во наосот, каде е наведено дека со сликање во овој храм Дичо завршил на 5 декември 1846 г.: мцд декеллври 5: д^мѕ, а не 1847 г. како што досега беше евидентирано во литературата. За овој храм ги работи иконите за целиот иконостас и го живописува целиот источен ѕид на припратата. За иконостасот ги насликал четирите престолни икони: Исус Христос Седржител (кат. 6), Богородица со Христос (кат. 7), потпишана и датирана: ^шгрдф-и смг|ренѓ| дгро 6) кд^д деворт, 1845, св. Јован Претеча (кат. 8) и Архангел Михаил (кат. 9), а ги декорира и парапетните плочи со флорални елементи, царските двери, 15 – те икони со апостолите и деисисот, 15 – те празнични икони и крстот над иконостасот. Од ѕидното сликарство создадено од Дичовата рака во припратата сочувани се петте фреско – икони: св. Георгија, Богородица со Христос, Исус Христос Седржител, св. Јован Претеча и св. Димитрија пов-кди ^в-крл, а под нив имитации на парапетни плочи на кои се насликани кантароси со цвеќе и комплексната композиција на Страшниот суд, за која во досегашната литература постоеја различни мислења дали оваа композиција е Дичово дело. Сепак, според стилските карактеристики и иконографското решение на композицијата со сигурност може да се тврди дека е дело на Дичо Зограф, а воедно е и единствениот досега откриен примерок во ваква форма во ѕидното сликарство насликан од овој зограф.

dico-zograf-3

Следните Дичови чекори во 1846 г. ги следиме во манастирската црква Св. Илија Горни, над селото Бањани. За обновувањето на иконостасот од страна на Дичо дознаваме од записот на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона Исус Христос Седржител, а која во долниот дел е потпишана и датирана: ^грдфт* сллирени димитрТд СОдеБорт* СЗсело, тресднче 1846 л\д?15. На неговиот опус со сигурност припаѓаат и осумте икони со апостолите од овој иконостас.
При крајот на 1846 г. и почетокот на 1847 г. продолжува да работи на иконите за целиот иконостас и ѕидното сликарство во куполата на наосот во манастирската црква Св. Никита кај село Горњани. За иконостасот ги изработил престолните икони: Исус Христос Седржител, Богородица со Христос и двете потпишани и датирани на 20 декември 1846 г.; св. Јован Претеча, каде во долниот дел на иконата е испишан цитат од тропарот за св. Јован Претеча, глас втори: плм_т_прлведндг©…; св. великомаченик Никита, потпишана и датирана: ^шгрдф_ смиренш дг|мѓјтрТд со де_ор*_ 1847 г. месец февруари 15 ден; Архангел Михаил, која не ја потпишал, но ги навел имињата на приложниците и ја датирал со годината 1847; Крунисување на Богородица, исто така не е потпишана, но е очигледен потегот на Дичовата рака. Иконата со претставите на св. Георгија и св. Димитрија, потпишана и датирана: и^_ р$ки дичд ^грдфд. 1856 мц_ дприл :13:, која денес се чува во оваа црква и стои потпрена на долниот дел од иконостасот се претпоставува дека припаѓала на иконостасот од црквата Св. Троица во село Чучер. Дичо во овој храм ги работи и царските двери, иконите со апостолите, како на пример иконата со претставата на апостол Јаков (кат. 10), празничните икони, на кои припаѓа и иконата со приказот на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител (кат. 11), крстот над иконостасот и малата икона Богородица со Христос и светители (кат. 12). Но, Дичо не се ограничил со сликање само на иконостасот, туку ја пресликал и Божествената литургија со Исус Седржител во темето на куполата на наосот, запазувајќи го инкарнатот и линијата на формите изведени од постарите мајстори. Иако во литературата оваа композиција не е претходно анализирана, сепак, според стилските карактеристики и компарациите направени со останатите примероци на Божествената литургија, насликани од Дичо Зограф за други цркви, со сигурност може и овој примерок да се атрибуира како негово дело. Во нишата на јужната фасада, лево од влезот на црквата, сочувани се оштетени делови од живопис, каде Дичо го насликал патронот на храмот, Св. Никита, на коњ.

Најново од: Култура и туризам

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

To top