На прво место

СДС прифаќа термини и барања штетни за македонските интереси

Таму каде што Зоран Заев застана со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче

Од партијата велат дека со прифаќањето и потпишувањето на, како што ги нарекуваат, капитулантските договори, Заев започнал со бришење на терминот „македонски“, додека Филипче, како чувар на „заевата фотелја“ во СДС, е подготвен да ја впише, според нив, непостоечката и навредлива придавка „северномакедонски“.

„СДС и Филипче не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со тој термин, туку тие се горди на своето дело и за нив тоа претставува голем успех“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Филипче и СДС водат антинационална и антидржавна политика, која, според нив, е во интерес на бугарските власти.

„Само за нив нема ништо лошо Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат нивни и нашиот македонски јазик да го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик. Ова негирање СДС и Венко Филипче дури и не го гледаат“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека Филипче и СДС се единствените кои, како што велат, повикуваат на прифаќање на бугарскиот ултиматум и бараат итно спроведување на уставните измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тоа е првиот чекор од сетот барања кои, според нив, Бугарија јасно најавува дека ќе следуваат и понатаму.

„Ова само докажува дека СДС и Венко Филипче се на иста линија со Бугарија, барањата, ставовите и речникот им се исти. Нема разлика меѓу официјална Софија, СДС и Филипче“, се вели во реакцијата.

Од партијата оценуваат дека ваквото однесување претставува делување против државните и националните интереси и повторно го повикуваат Филипче да одговори на прашањата кои, како што велат, му ги поставуваат во јавноста.

Воедно, му упатуваат апел да, како што наведуваат, почне да работи и делува во заштита на македонските интереси, наместо да биде „главен лобист на бугарската агенда“.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на Македонија ѝ се потребни јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање и последната отстапка на евроинтегративниот пат, што, според нив, може да се постигне само со национален консензус меѓу домашните политички чинители.

„Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една горда и исправена држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки“, се наведува во соопштението.

Најново од: На прво место

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со помош на екипи од скопскиот водовод и експерти се работи на целосно прочистување на системот, со цел водата повторно да биде безбедна за граѓаните на Гостивар. Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да […]

Најнови вести

To top