Култура и туризам

Фурка – село во Општина Дојран

furka

furka

Во Фурка живеат околу 1000 жители, сите со македонско потекло и православна христијанска вероисповест. Ова село е дел од општината Дојран, едно од најпопуларните туристички места во државата.

Фурка е село во југоисточниот дел на Македонија. На запад од реката Вардар, преку Пугана и Габрошка Река, а на исток од Дојранската Котлина, селото лежи на висорамнина од 21 км². Се наоѓа некаде во средината на замислениот триаголник помеѓу Дојран, Богданци и Валандово. Се наоѓа на надморска височина од 350 м, а највисокиот врв е на 456 м. Околу селото има повеќе ритчиња, составени главно од песоклива почва и гранитни карпи. Каде што е тоа можно, луѓето го користат земјиштето за лозарство и овоштарство, а помалку и за други гранки.

Според историските извори Фурка постои многу одамна, најмалку 1000 години, во кои секогаш ја делело судбината со цела Македонија. Во литературата најрано се спомнува како дел од Самуиловото Царство. Имено, според д-р Стјепан Антолјак Фурка било местото каде, откако биле заробени на Беласица, биле доведени Самуиловите војници и биле ослепени. Многу повеќе се знае за селото за време на турската окупација на земјата. Тука треба да се напомене дека порано Фурка се наоѓала на 2,5 км северно од денешната. Тоа била населба од збиен тип, со неколку анови и фамилии, сместена на патот Скопје – Солун и на патот кој ги поврзувал Албанија и Цариград. Ваквата местоположба подразбира дека поминувале многу луѓе кои отседнувале во фурските анови. Меѓу нив и австрискиот конзул Хан, кој во своето дело „Патување по текот на Дрина и Вардар“, ќе напомене дека „селото Фурка Ан е многу прочуено место на јужниот крај од една клисура, на половина час од Валандово“. Во Османлиската административна поделба селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Бојмиска нахија, Дојранска каза, а на феудалниот господар Јусуф – спахија му носела годишен приход од околу 3000 акчиња. Во овој период, односно во 1530 година Фурка за прв пат се спомнува како дервенџиско село. Тоа значи дека луѓето освен со полјоделство и сточарство се занимавале и со дервенџиство, односно ја презеле одговорноста да го чуваат патот Дојран – Валандово, кој миинува низ Дервенската Клисура на чиј јужен крај се простирала старата населба Фурка, од разбојниците карактеристични за анархијата во Турската Империја. На стража секој ден одел по еден маж од секоја фамилија. Оттаму и тврдењето на некои историчари дека во одреден период на името Фурка бил придодаден и називот Дервен.

Во XVIII век дервенџиите веќе не можеле да ја спречат големата наезда на турски разбојници (башибозук). Тоа ги натерало селаните на најрадикалниот чекор – иселување од селото. Според легендата, тројца калуѓери патувајќи од Штип за Солун застанале да преноќат во ановите. Но, биле фатени од разбојници и биле убиени над селото на местото Колникот. Селаните, исплашени, почнале да се иселуваат на висорамнината над селото каде им биле трлата. Од стара Фурка денес нема речиси никави остатоци, освен двете селски чешми Дервенска и Дилирова. Сега тоа место се нарекува Аниште, се рабира, поради тоа што стара Фурка била позната по ановите. Била основана нова населба, со истото име. Луѓето брзо почнале да создаваат услови за нормален живот. Продолжиле да се занимаваат со полјоделство и сточарство. Во овој период била изградена и црква на заштитникот на Фурка, Свети Илија, во 1878 година. Оттогаш Илинден се слави како празник на селото.

Постојат повеќе тврдења за тоа како селото го добило името. Според народните преданија старото Фурка (кое се наоѓало 2,5 км од новото, денешно Фурка) имало форма на кириличната буква Ф и на фурка за предење. Во некои дела на познати историчари, пак, се тврди дека името потекнува од некои странски зборови. Според едни, „фурка“ на грчки значи губилиште (според наводното ослепување на Самуиловите војници на ова место). Според други името води потекло од турскиот „фурсат“ – што значи лоши луѓе. Имено, познато е дека селаните не дозволиле да се населат Турци во селото. Понатаму, се знае дека во определен период му бил придодаден и називот Дервен, поради функцијата што ја имало. Денес, се уште не е сосема јасно од каде потекнува името.

Во 1573 година Фурка се спомнува како голема населба од 100 домаќинства и 50 неженети. Не е познато како за толку краток период од само 43 години (1530 – 1573) толку многу се зголемил бројот на жители во селото. Во истиот, селаните на спахиите Али и Мурат им плаќале 8667 акчиња. Фурка се спомнува и во пописот од 1700 година, повторно како дел од Бојмиската нахија, со годишен приход за спахиите од 4660 акчиња. Според пописот од 2002 година, во селото Фурка живеат 570 жители, сите Македонци.

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top