Култура и туризам

Теракотни икони Виница

josua

josua
Јошуа и Калеб

Оваа сцена во која се прикажани ликовите на Јошуа и Калеб илустрира една епизода од старозаветната Книга за Исус Навин, и го прикажува моментот кога тој ги запира сонцето над Гаваон и месечината над долината Елонска, пред големата победа на Израелците над Аморејците (Книга на Исус Навин 10:12,13). За да ја откриеме смислата и вистинското место на оваа претстава во контекст на виничкиот репертоар и да ја согледаме правилно нејзината теолошка симболика во рамките на целокупниот аранжман на виничките теми, мораме да појдеме од значењето кое на овој мотив му е дадено во самиот текстуален извор и во рамките на теолошките текстови во раниот период и христолошките толкувања.
Исус Навин или Јошуа (хебрејски, Jehosua – Јехова е спас или Јехова дава спасение) син Навинов, е еден од најголемите херои на Стариот Завет и еврејската историја и заедно со ликовите на цар Давид и Јуда Макабејски се вбројува меѓу трите најголеми јунаци на славното јудеанско минато. Покрај спомнувањето на Исус Навин во Втората Книга Мојсеева (Изгон): 24,13 и 33,11) и во Четвртата Книга Мојсеева (броеви:13,17 и 27,18), нему му е посветена и старозаветната Книга на Исус Навин во која е раскажана историјата на неговиот живот исполнета со херојските дела на еврејското минато од времето по смртта на Мојсеј.

Оваа Книга претставува приказна за воената историја на Евреите и исполнувањето на историските дела почнати од Мојсеј, и го прикажува Јошуа како политички и воен водач на Израелците во нивното освојување на Палестина. Како наследник на Мојсеј, во овој текст, тој претставува од бога заштитен претставник на приказната за спасот, и повереник кој неговите дела дела ги извршува по божја наредба. Големите Јошуини воени победи претставуваат вистинска реализација на неговиот сојуз со бога. Па поради тоа во секоја одделна епизода од приказната за Јошуа, јасно доага до израз врховната волја и божјото управување со настаните. Воените победи на Јошуа, неговиот херојски дух и непоколебливоста, напишани на страниците на Стариот Завет, се величат и во теолошките текстови на големите мислители на западната Црква од раниот период. Така, во едно од зачуваните дела на Амброзие Милански, нагласена е неможноста на триумфот без цврстата вера и божјата помош и интервенција, а Исус Навин е прикажан како преобраз на христијански владетел. Според Хиларие, самиот Бог бесмртен и вечен во времето, се појавил во ликот на Исус, синот Навинов, кој го носи неговото име. Во врска со тоа е и постапката на преименувањето на Хосеа во Јошуа пред влегувањето на Евреите во Ветената земја, за да може овој пресуден историски настан да се изврши под водството на Јошуа и со помош на милоста божја. Оваа типолошка карактеристика на Исус Навин се среќава и во делата на св. Августин кој го смета за човек на Милоста Господова…

Претставата со ликовите на Исус Навин (Јошуа) и Калеб зачувана е во неколку реплики. На левата страна на релјефот (димензии: 28,5x30x4см) претставена е фигурата на Исус Навин во фронтална положба. Тој е облечен во војничка облека – панцир исплетен од кожни ремени, со должина до подколената. Врз панцирот е префрлена неговата наметка која му ги покрива рамениците и е закопчана на градите. Дел од наметката, развиорена на ветерот, се гледа под десната рака на Исус Навин, со која тој го држи копјето. На главата војникот носи шлем украсен со два рога. Во десната рака го држи своето масивно копје, додека левата рака, свиткана во лактот, подигната му е нагоре и со неа тој покажува кон сонцето, сместено во централниот дел од горната половина на плочата.над главата на Исус Навин, меѓу неговиот шлем и копјето, претставена е ѕвезда. На десната половина на плочата изведена е во фронтален став фигурата на Калеб костимирана во војничка облека, слична на облеката на Исус Навин, но изведена со покрупни набори. Панцирните облеки на двата воина врзани се околу нивните половини со ремени украсени со кружни копчи. Под левата рака на Калеб се гледа дел од наборите на наметката закопчана на неговите гради. На главата тој има шлем украсен со два рога, идентичен на шлемот на неговиот пандам. Во левата рака Калеб држи копје а со десната го придржува штитот поставен меѓу него и фигурата на другиот воин. Двајцата на нозете имаат воинички сандали, врзани со ремени околу листовите. Ликот на Калеб е благо свртен на десната страна, а неговиот поглед е вперен во сонцето на кое покажува Исус Навин. На неговата глава изведена е претстава на месечината.

Долж левиот вертикален раб на плочата, лево од ликот на Исус Навин испишана е сигнатурата FILIUS NAVE со букви свртени наопаку. Во горниот средишен дел на релјефот, меѓу главата на Исус Навин и претставата на сонцето, во три реда е испишано неговото име. Во првиот ред стои буквата H покрај која е изведен симболот на крстот, во вториот буквите IE, а во третиот буквите SU. Долж десниот вертикален раб на претставата, покрај фигурата на Калеб, испишано е неговото име – KALEEB.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top