На прво место

Жалба до ЕК за прекршувања во пристапните преговори

Централниот Совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин денес поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на преговорите за пристапување на Република Македонија.

Централниот Совет на Македонците во Германија е регистрирано здружение според германското право со седиште во Берлин кое ги претставува и застапува граѓанките и граѓаните со македонско потекло кои живеат во Германија.

Правни основи на жалбата

Жалбата се однесува на идентитетско-политичките барања на земјата-членка Бугарија кои не се засноваат на правото на ЕУ (acquis communautaire), туку на билатерални национални интереси кои се во спротивност со духот на примарното право на Унијата. Конкретно, овие барања се содржани во Протоколот од втората заедничка владина седница меѓу Бугарија и Република Македонија од 17 јули 2022 година кој преку упатувања е вграден во преговарачката рамка за пристапување.

Според Централниот Совет, идентитетско-политичките барања на Бугарија ги повредуваат следните одредби од примарното право на Унијата:

– Член 2 од ДЕУ — основните вредности на Унијата, вклучително забраната на дискриминација по основ на етничко потекло и јазик. Македонскиот јазик поседува меѓународно признати ISO-кодови (ISO 639-1: mk; ISO 639-2: mac/mkd) и е признат од Обединетите нации, ОБСЕ и бројни институции на ЕУ. Германскиот Бундестаг во надпартиска одлука (Drucksache 20/7203, јули 2023) изрично ги потврди постоењето на македонската култура, идентитет и јазик.

– Член 4 став 2 од ДЕУ — почитувањето на националниот идентитет на државите. Барањето Република Македонија да го прилагоди својот јазик и историски наратив кон бугарската интерпретација на историјата претставува флагрантно непочитување на националниот идентитет на земјата-кандидат.

– Член 49 од ДЕУ — преговорите за пристапување мораат да се водат врз основа на правото на ЕУ. Прашањата на националниот јазик, идентитет и историја не се составен дел на acquis communautaire. Користењето на правото на вето од страна на Бугарија за наметнување на билатерални идентитетски барања претставува злоупотреба на пристапната постапка.

– Член 21 од ДЕУ— кохерентноста на надворешната политика на Унијата. Блокадата ја загрозува регионалната стабилност на Западен Балкан, при што настанатиот вакуум го користат актери како Русија, Кина и Турција за проширување на своето влијание.

Засегнати лица што ги претставува Централниот Совет

Централниот Совет ги претставува следните групи на лица, кои се непосредно и на посебен начин погодени од оспорувањето на постоењето на македонскиот јазик:

– преведувачки и преведувачи кои положиле државни испити и се судски овластени, толкувачки и толкувачи за македонскиот јазик, чии квалификации се стекнати преку испитни органи на германските сојузни покраини (особено Хесен, Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Берлин);

– јазични посредници кои работат за германски органи, судови, социјални установи, болници и образовни институции;

– наставнички и наставници по македонски јазик во рамките на дополнителната наставата по мајчин јазик (Herkunftssprachlicher Unterricht — HSU);

– ученички и ученици кои го изучуваат македонскиот јазик како наставен предмет во германските училишта.

Зошто може да настане структурна правна несигурност

Доколку позицијата на Бугарија — според која македонскиот јазик не претставува самостоен јазик — добие институционално признание во контекстот на ЕУ, ќе настане конкретна правна несигурност за лицата од македонско потекло во Германија и во целата Унија. Не би било исклучено германските училишни сведителства во кои македонскиот јазик е наведен како наставен предмет да бидат доведени во прашање во нивната доказна вредност во рамките на внатре-европскиот промет — при аплицирања, при признавањето на студиските постигнувања или во рамките на признавањето на професионалните квалификации според Директивата 2005/36/EЗ.

Истовремено, евентуалното толкувањето од страна на ЕУ на македонскиот јазик како нешто друго освен самостоен јазик би можело долгорочно да ја еродира правната основа за признавањето на сите квалификации, сведителства и овластувања поврзани со македонскиот јазик. Особено чувствителни се ситуациите на прекугранично признавање на професионалните квалификации, во кои признавањето на јазичните квалификации во друга земја-членка зависи од неспорното постоење на соодветниот јазик како самостоен јазик.

Македонскиот јазик во германскиот образовен систем

Во Германија македонскиот јазик е составен дел од образовниот систем. Во рамките на дополнителната настава на мајчин јазик (Herkunftssprachlicher Unterricht), македонскиот јазик се изучува како наставен предмет во германските училишта и се внесува во официјалните училишни сведителства кои имаат правосилно значење во смисла на германското управно право.

Покрај тоа, во германските сојузни покраини — особено во Хесен, Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Берлин — се спроведуваат државни испити за преведувачи и толкувачи за македонскиот јазик. Стекнатите квалификации се документирани преку официјални државни исправи и овластуваат за работа како судски овластени преведувачи и толкувачи пред германските органи, судови и нотари. Овие квалификации почиваат на полноважни управни акти на сојузните покраини и претставуваат правно загарантирани професионални овластувања.

Конкретни барања до Европската комисија

Централниот Совет бара од Европската комисија:

1. Бришење на упатувањата кон Протоколот од 17 јули 2022 година во преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија;

2. Одлука на Европскиот совет со која изрично се утврдува дека прашањата на националниот јазик, идентитет и историја не се составен дел на пристапните преговори;

3. Покренување постапка по член 7 од ДЕУ против Бугарија, односно постапка за повреда на договорите според член 258 од ДФЕУ;

4. Изрично институционално разјаснување од Европската комисија дека македонскиот јазик е самостоен, меѓународно признат јазик;

5. Обезбедување на реципрочност — Бугарија моментално игнорира 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои налагаат регистрација на македонските малцински организации во Бугарија.

Завршна оценка

Република Македонија на својот пат кон членството во ЕУ направи исклучително далекусежни отстапки кои не и биле наметнати на ниту една друга земја-кандидат — промена на државното знаме, сериозни уставни измени и конечно болната промена на државното име со Преспанскиот договор од 2018 година. Понатамошни отстапки кои го засегаат идентитетот на Македонките и Македонците во неговата суштина повеќе не би биле прифатливи. Централниот Совет апелира до Европската комисија да дејствува во рамките на својата надлежност како чувар на договорите на ЕУ.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top