Култура и туризам

ВО БИТОЛА ПАНИХИДА ЗА ВОЈВОДАТА ПАРАСКЕВ ЦВЕТКОВ

1svekrva copy copy copy copy

1Во организација на Македонското Патриотско Здружение Тодор Александров во Битола беше организарана панихида за македонскиот револуцонер Параскев Цветков.

За ликот и делото на Параскев Цветков зборуваше историчарот Ѓорги Чекутков кој истакна дека, Парашкев Цветков е роден на 20 мај 1875 година во градот Плевен, (Бугарија). Познат е уште по прекарот Пролетин.

Параскев Цветков е еден од најдоследните револуционери посветени на македонското револуционерно ослободително движење.

Основно училиште до трети клас учи во родниот град, а четврти и пети односно гимназија завршил во Софија. Потоа три години работел како учител во Плевен. Во 1897 година заминал најпрво воЧешка, во Прага, каде учел филозофија, а потоа и во Германија во градот Дрезден каде завршува музички конзерваториум со одличен успех. По дипломирањето во Германија се враќа во родниот град Плевени работи како учител по музика во Плевенската гимназија. Активно се вклучува во општествениот живот во градот . Диригент е на Плевенскиот хор и стручен оркестар, редактор на весникот „Нова струја“. Поради неговите прогресивни и демократски идеи во Бугарија му забрануваат да делува. Разочаран од ваквиот однос во Бугарија во 1902 година, заминува во Македонија и доаѓа во Битола во тој период еден од најреволуционерните и прогресивни градови на Балканот Учителствувал како професор по музика во Битолската гимназија. 1

Општо е познато дека во Битолската гимназија свое образование, но и револуционерниот и патриотски дух го добиле многу македонски дејци, таа претставувала непресушен извор на млади македонски патриоти. Професорот по музика Парашкев Цветков компонирал мелодија која му ја дал на ученикот Арсениј Јовков кој бил член на револуционерниот младински огранок со кој тој раководел и побарал од него да напише текст.Овој момент од животот на војводата Парашкев Цветков се случил непосредно пред битката кој се одиграла во селото Могила, Битолско. Мотивиран од исходот на трагичната битка ученикот кој имал одличен талент за поет напишал песна во која е опена револуционерната храброста на војводата. Карактеристика на песната е што во нејзината содржина можеле да се препознаат и судбините на многу други патриоти који се бореле за „Македонската Кауза“. Македонскиот народ не го заборавила војводата Парашкев Цветков.Подоцна од зборовите содржани во песната напишана за овој револуционер, македонскиот народен пеец,ја отпеал една од најубавите македонски патриотски песни,која до денденешен ден се пее, по селата распространети низ широкото Битолско поле.

Песната за војводата Парашкев Цветков

„ Ај кажи, кажи, мајска природо.

Кажи народе, денес што имаш(2)

Долу во полето, село Могила.

Таму се бие, Цветко војвода,

со неговата верна дружина.

Бие се бие и негова дружина

и со него беше дедо Андреа (2)

Бие се бие, со турска војска,

во Могила Цветко мртов падна (2)

Заради братство и за слобода,

лежи спокоен,слаавен јунак,

слаавен јунак Цветко војвода (2).

Револуционерната дејност на Парашкев Цветков

Уште со самото доаѓање во Македонија Парашкев Цветков влегува во редовите на МРО. ТМОРО на Битолскиот револуционерен округ имал голема доверба во Парашкев Цветков. Потврда за тоа се неговите бројни одговорни функции. Така уште пред Илинденското востание во својство на инструктор по воена обука раководел со четите кој биле под надлежност на Вториот револуционерен округ. Тој како војвода раководел со една чета во Битолско.

Исто така, во текот на мај 1903 година, Парашкев Цветков учествувал на Смилевскиот конгрес. Конгресот работел под претседателство на Дамјан Груев, Георги Поп Христов и Парашкев Цветков.Тој заедно со Анастас Лозанчев и Георги Поп Христов бил еден од Раководителите на Битолскиот револуционерен округ. Војводата Цветков бил и делегат од подвижните и неподвижните горски раководни теле,поточно Раководител на Смилевскиот реон,истакна историчарот Ѓорги Чекутков.

2

Битката во Могила

Во зорите на 20 мај 1903 година војводата Парашкев Цветков со својата чета која броела 20 души пристигнала и се стационирала во битолското село Могила. Во составот на четата помеѓу другите се наоѓаше стариот деец дедо Андреа Петров и како секретар Димитар Филдишев од Охридрако.Истиот ден четата била предадена.Следниот ден, на 21 мај 1903 година војводата Цветков со четата бил откриен. Уште во раните утрински часови селото било опколено од сите страни со аскер од 300 турски војници. Се водела 36 часовна нерамноправна борба во која загина поголемиот број од четниците помеѓу кои се наоѓале: дедо Андреа Петров, Димитар Филдишев, Кочо Песнаджиев и други, а војводата Парашкев Цветков бил тешко ранет. Во оваа нерамноправна битка турската војска загубила 80 војници. Осум четници го пробиле обрачот и успеале да се спасаат истакна историчарот Чекутков.

На Парашкев Цветков тешко му паднала смрта на неговите соборци, не се предал жив во рацета на турската власт, со последниот куршум извршил самоубиство.

Не поминало долго време предавникот бил откриен и долгата рака на Организацијата го стигнала, Тоа бил Ристе (Христо) од селото Секирани, Без изречена смртна пресуда од органите на ТМОРО,војводта Горги Сугарев лично го егзекутира.

3

4

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top