Култура и туризам

За читањето на Светото Писмо

biblija

biblijaЗнај: Божественото Писмо, кога неправилно се сфаќа и толкува, може да ја погуби душата. Тоа го рекол свети апостол Петар за Посланијата на свети апостол Павле, проширувајќи ја таа констатација и на другите книги од Светото Писмо (2. Пет. 3: 16), што посебно треба да се однесува на Стариот Завет, кој е полн со праслики и сенки. Треба внимателно да се однесуваме со мечот со две острици – со Светото Писмо. Светите Отци на монасите почетници им советуваат повеќе да се занимаваат со читање на дејствените отечки книги, во кои детално се објаснети монашките подвизи и е покажан патот на правилно разбирање на Светото Писмо, отколку со читање на самото Свето Писмо. И ти следи го тој свет и спасоносен совет на Отците.

Кон Светото Писмо однесувај се побожно, како што му доликува на вистинскиот син на вистинската Црква; имај ја потребната доверба и почит кон отечките дела. Истиот оној Дух Божји, Кој делувал кај пророците и апостолите, делувал и кај светите учители и пастири на Црквата; сведок на тој догмат е светиот апостол: „И едни од вас Бог постави – вели тој – во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители“ (1. Кор. 12: 28).

Во согласност со зборовите на апостолот, зборовите на Светото Писмо и упатсвото на Црквата, прво место во вашата благочестива литература треба да заземаат делата на апостолите. Меѓу делата на апостолите, прво место зазема Евангелието. За правилно да го сфатите Новиот Завет, читајте ги светите учители на Црквата, читајте го и Псалтирот, и другите книги од Стариот Завет. Исчистете се себеси со евангелските заповеди и со благочестиви подвизи. Во зависност од чистотата на душата, на неа ѝ се јавува Бог и ѝ се открива Словото Божјо, за телесните очи прекриено со непроѕирна завеса на човечки зборови.

Читањето на Откровението приведува кон страв Божји; воздржете се од толкување на таа таинствена книга…

Никако не си дозволувајте, Евангелието и другите свештени книги да ги читате површно и бргу: Читајте ги без брзање и со внимание. За време на читањето внимавајте на умереноста. Умереноста ја поттикнува постојаната желба за читање, додека презаситеноста од читање доведува до одбивност кон него.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top