
Виолета Сековска
Магла од прашина
топот на коњите,
царска војска –
царска држава,
Цар ја предводи.
Мажи силни,
мажи стројни,
мажи умни –
Фаланга македонска
за слава Достојна.
Меч в рака
ум в глава,
спремни за поход,
Бог* пат им осветува,
сонце пат им осветлува,
шеснаесеткрако сонце,
сите во срце носат.
Од победа во победа,
се така во недоглед,
војсководец наш голем,
воздухот го отклучивме –
Царот го вративме
низ времето и просторот
Александар Македонски
на престолот го ставивме.
Секое време е свое време.
Се родил во древнина,
растел во минато –
живее во сегашност.
Не тагуваме по него
та ние живееме со него.
Од тивкоста…од радоста…
од болката…
Ние го молиме минатото,
што е напред,
сегашното, што е сега
и иднината назад.
Ние сме Македонци!
Ние знаеме кои сме! А Вие?