Култура и туризам

Крушево – Цркви и манастири

image 03 b

Во урбаната структура на градот со својот волумен се истакнуваат црквите како доминантни во просторот. Тие импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Тие имаат истакната позиција и локација. Градени се во базиликна форма и тоа како трикорабни базилики, со доста големи димензии. При посета на истите можете да видите: икони, фрески, иконостаси, мајсторски совршени дела од едно одминато време кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.

image 03 b

Света Богородица Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен. Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 г., а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.

image 02 b

Св.НИКОЛА била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен. Црквата е возобновена во периодот од 1905г. до 1907 г. Таа има централна позиција и е ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот. Црк вата е трибродна базилика, со тоа што кај неа е издигнат средниот брод. На јужната страна од црквата е изградена камбанарија на која е поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филипович-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква се од 1884 година. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никога ш невидени мајсторски совршени дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура. При посетата може да се види заслепувачката убавина на иконописот, живописот, копаничарството. Ќе се запознаете со големи уметнички дела на една автентична традиционална култура која е дело на големи мајстори зографи, копаничари и иконописци чиј опус на творештво е доста обемен и уметнички вреден.

Црква Св.Јован Црквата Св. Јован кај крушевчани позната е како „ Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот. Во црквата нема живопис. Доминира прекрасно изработен дрвен и к оностас, направен од плитка резба од браќата Несторови. Тие го работеле непрекинато, со голема љубов и умешност и тоа повеке од 4 години. Таму можете да ги видите книгите со цртежи – скици за деталите на иконостасот како и алатките со кои е изрезбарен иконостасот, како и иконите од крушевските мајстори – зографи од 19 век. Во влезот на црквата Св. Јован исто така се наоѓаат фрески кои се пренесени од црквата Св. Атанасије во с. Локвени а датираат од 1627 г. а на нив се прикажани Св. Архиереи, Св. Богородица, итн.

Св.Троица Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена.

Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови. Се наоѓа во прекрасен шумски амбиент и е омилено излетничко место за мештаните и туристите. Манастирскиот комплекс Св.Преображение, подигнат бил на месноста Ручало на околу 1642 м надморска висина, во прекрасен и живописен природен амбиент. Од Крушево, на север, комплексот е оддалечен околу 8 км. Се наоѓа во близина на локалитетот Слива. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновен е во 1986 година.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top