Култура и туризам

Вториот научен труд за геоглифот во Овче Поле

geoglif1

По првиот научен труд со прелиминарните резултати од архео-акустичните неинвазивни мерења со мултидисциплинарни методи во Овче Поле, деновиве и официјално на Четвртата Виртуелна Меѓународна Конференција за Напредни Истражувања во Научните Области – ARSA 2014 во Словачка е објавен и вториот научен текст кој известува за специфичните феномени кои што беа регистрирани под големиот геоглиф. Овие научни трудови претставуваат ретка прилика за директно осознавање на резултатите кои што беа измерени од интернационалниот научен тим, предводен од професорот Паоло Дебертолис од Универзитетот во Трст, Италија. Останатите автори се Домагој Николиќ, Горан Марјановиќ, Нина Еарл, Хеики Саволаинен и Никола Ристевски. Официјалните архео-акустични мерења, поддржани од Министерството за Култура, Управата за заштита на културното наследство и локалната самоуправа беа извршени во март и јули минатата година. Деновиве се одржува научната конференција во Словачка, а од SB Research Group велат дека текстот бил оценет на високо ниво заради методологијата, содржаните информации и начинот на кој што е составен.

geoglif1

geoglif2

Геоглифот се однесува како антенски засилувач

geoglif3

Се надеваме дека одговорните институции во Македонија ќе дозволат употреба на софистициран гео-радар за понатамошни истражувања, со што би се избегнале секакви шпекулации, а и би се пристапило кон отворањето на подземните комори со голема прецизност и стручност. За помалку од две години, преку овие научни трудови голем дел од балканската, но и европската и светска научна јавност дозна за мистичниот геоглиф во Овче Поле, а ова е ретка прилика за заинтересираните да можат да имаат увид во првите неинвазивни архео-акустични истражувања на територијата на Република Македонија, како и резултатите од истите. Тргнувајќи од хипотезата дека би било можно овде да е гробот на Александар Македонски или некој од неговите најблиски, научниците потврдуваат постоење на подземна комора под геоглифот, која делува како резонатор и ја рефлектира чистата енергија од околината. Ако се потсетиме дека и самиот симбол на геоглифот кореспондира како огледало со соѕвездието Касиопеја во определен период од годината, мистичното рефлектирање предизвикува многу размисли за што навистина има под овој геоглиф.

geoglif4

Археоакустичното и Електромагнетното истражување на древните локалитети веќе станува официјална научна дисциплина. SB Research Group (SBRG) во последните пет години има развиено нова методологија, користејќи го практичниот археоакустичен стандард (SBSA), кој помага за објаснување на одредени феномени кои се среќаваат на светите места. Анализата на звуците и различните видови на зрачења од под земјата, овозможува подобро разбирање на она што постои под тлото кое што го гледаме. Претходниот научен текст ги демонстрираше доказите за различните физички феномени кои што се присутни на геоглифот, како и вештачкото потекло на ова ридче, кое од сега па натаму треба да се ословува како тумулус, тумула. Според добиените податоци од софистицираните напредни апарати за мерење на различни зрачења, се потврдува постоењето на подземна комора, до која што е возможно да водат помали простории или ходници. Доказите за ова може да ги прочитате во научниот труд, ексклузивно на ЛОЗА.

geoglif5

geoglif6

geoglif7

Прочитајте го научниот текст – Archaeoacoustic analysis of Kanda Hill in Macedonia. Study of the peculiar EM phenomena and audio frequency vibrations (клик)

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top