Фељтон

Македонија од Пердика I до Пердика III (700-359 годинс п.н.е.) (3)

slave-nikolovski-katin

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Пердика I (од: многу и дикас: судија, праведен, т.е. најправеден) е родоначалник на македонската кралска династија од Арг во Орестида (Рупиште-Костурско) во Горна Македонија, кој е и основач на Аргеадската лоза. Неговото кралство била Ботиаја, област која го опфаќала средишниот дел на Долна Македонија, потоа во Ематија, Пиерија, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Еордаја, Линкестија и Амопија.

Пердика I својата престолнина ја основал во подножјето на планината Пиерија и и дал име Еге или Ајгај (основа, коза, место за кози, како и светло или бело). Инаку, козата била симбол, односно маскота на македонските кралеви во тоа време, посебно при дворските свечености (Тупурковски, 1993, 34). Според Диодор (VIII, 16), Делфиското пророштво го советувало кралот да отиде од Горна Македонија во Ботиаја и таму каде што ќе види снежно-бела коза со сребрени рогови, да принесе голема жртва и да изгради град. По традиција, во овој град се одржувале свеченостите на македонскиот двор. Покрај тоа се приредувале и општомакедонски игри и се погребувани македонските владетели. Тоа го потврдуваат и неодамна објавени трудови за археолошките наоди на овие простори. Се работи за археолошкиот локалитет Вергина (Аигаи), каде се пронајдени човечки живеалишта и некропола од праисторискиот период, пред VI век п.н.е.

По владеењето на кралот Пердика I, неговите наследници биле кралевите Аргеј I (од Арг), Филип I и Аероп I. Во време на владеењето на кралот Алкета I околу 550 години п.н.е. кралството се проширило на север, а нешто подоцна биле приклучени и некои источни провинции околу Термајскиот Залив и Мигдонија.

Кралот Алкета I го заменил Аминта II кој владеел меѓу 540-495 година п.н.е. Тој станал вазал на Персија, а Македонија персиско протекторат, за цело време на персиско-елинските војни, 490-479 година п.н.е. Имено, уште во 512 година п.н.е. персиската војна го форсирала Боспор, ја зазела Тракија, го преминала Дунав и им објавила војна на Скитите. По неуспешната кампања против Скитите, Персијците се свртеле на запад и југ на Балканскиот Полуостров. За понатамошниот тек на случувањата, Херодот (V, 17 и понатаму) опишува дека кога персискиот војсководец Магабаз „ги покорил Пеонците, испратил во Македонија пратеништво од седум најугледни Персијци, кои после него уживале најголем углед во војничките логори. Тие биле пратени кај Аминта, во име на кралот Дариј, да побараат земја и вода…” Тој им дал тоа што барале и ги повикал да му бидат гости, па им приредил богат ручек и ги нагостил Персијците колку што можел подобро.

Кога после ручекот седеле и пиеле вино, Персијците изјавиле: „Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат со нас”. На тоа Аминта одговорил: „Персијци, ние таков обичај немаме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи вие сте господари и ги барате, желбата ќе ви биде исполнета”. Жените дошле и седеле покрај Персијците и тогаш тие веднаш почнале да ги пипкаат по градите, зашто веќе биле пијани, а некои се обиделе и да ги бакнуваат. Додека Аминта бил мирен, но гневен, неговиот син Александар не можел веќе да се воздржи, па нерасположено му рече на Аминта: „Ти татко, со обзир на својата старост, можеш да се повлечеш и остави го пиењето, а јас ќе останам и ќе ги послужувам гостите”.

Бидејќи кралот Аминта отишол, Александар им рекол на Персијците: „Почитувани гости, овие жени ви стојат потполно на располагање и можете, ако ви е по волја, сите или поедини да ги обесчестите, но пуштете ги да се измијат, па пак ќе ви се вратат по миењето”. Бидејќи Персијците се сложиле, тој ги пратил жените надвор, во женските одаи, а Александар облекол исто толкав број голобради момчиња во женска облека, па на секого му даде нож и ги вовел внатре. Кога влегол со нив, им рекол на Персијците: „Персијци, мислам дека сте кралски нагостени, па ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри да се уверите дека ви  укажуваме онакво почитување какво што ви припаѓа”. Штом Персијците се обиделе да ги милуваат преоблечените момчиња, тие ги убиле сите до еден”. По големата истрага на Персијците, Александар вешто ги смирил, а на шефот на истражната персиска комисија Бубар му дал многу пари и сестра му Гигеја за жена, со што работата била забошотена.

Кралеви на античките македонски династии Аргеида и Антигонида:

Пердика I (околу 700 години п.н.е.), Аргеј I, Филип I, АеропI, Алкета I, Аминта I (540-495), Александар I (495-452), Пердика II (452-412), Архелај (413-399, Орест (399-398), Аероп II (398-395), Аминта II (394-393), Павсанија (   393), Аминта III  (393-370), Аргеј II   (393-392), Александар II (370-368), Пердика III (368-359), Филип II (359-336), Александар III Велики (336-323), Филип III Аридај (323-317), Касандар (316-298). Диметрије I (293-283), Антигон II Гоната (276-239), Диметрије II (239-229), Антигон III (229-221), Филип V (221-179), Персеј (179-168).

По смртта на кралот Аминта, на македонскиот престол дошол Александар, како Александар I и владеел меѓу 495-452 година п.н.е. Во историјата тој се споменува како прв организатор на пешадија и коњаница во Македонија. Исто така се наведува и неговото учество на Олимписките игри на Пелопонез, (веројатно оние од 496 год. п.н.е) за што Херодот (V, 22) подвлекува: „ Кога Александар дошол во Олимпија и сакал да се натпреварува во трчање, не сакале тоа да му го дозволат другите Елини кои се натпреварувале во трчање, зашто тврделе дека во натпреварот можат да земат учество само Елини, а не и варвари. Тогаш Александар докажал дека е Аргеец и бил признат за Елин”, т.е. за елинофил, па оттаму и името Александар I – Филенин, односно пријател на Елините.

Кралот Александар I го наследил неговиот син Пердика II, кој владеел меѓу 452-413 година п.н.е. Тој бил крал на Македонија во периодот на Пелопонеските војни, кога сè повеќе доаѓа до криза во односите со Атина, заради нејзините експанзионистички и колонијалистички претензии околу македонските и тракиските брегови. Пердика ја искористил спартанската експедиција во 424 година п.н.е. заедно да го разбијат Атинскиот соуз и колонијалното владеење на Атина. Покрај тоа, Пердика ја запрел тракиската опасност на кралот Салтик (429 година п.н.е.) и успешно го експлоатирал антагонизмот меѓу елинските градови. Во текот на неговото владеење, на македонскиот двор престојувал и најпрочуениот лекар на тогашното и подоцнешното време, Хипокрит од Аликарнас, кој го лечел разболениот крал. Пред Хипокрит, во околу 460 година п.н.е., во Македонија бил и таткото на историјата, Херодот, кој дал многу добри податоци за Македонија.

По смртта на Пердика, на престолот на Аргеада дошол неговиот син Архелај, кој владеел меѓу 413-399 година п.н.е. „Кога станал крал и рамните патишта ги расекол, и останатото за војната го сторил: коњи, оружје и останатат опрема, подобро отколку сите осум други кралеви” (Туркидид, II, 100)

Кралот Архелај е познат и по тоа што основал нова престолнина на Македонија, Пела, во покраината Ботиаја, преместувајќи ја истата од планинските и погранични делови во идеален и централен, рамничарски крај, покрај Термајскиот Залив, кој тогаш длабоко навлегувал во копното. Во текот на само една генерација, Пела станала најголем и најубав македонски град.

Покрај тоа, Архелај е основач на светиот град Дион, на источните падини на Олимп, чии ѕидини изнесувале 2.500м во должина, а површината на утврдениот дел била 460.000 м². Покрај храмот на богот Зевс, тука биле и светилиштата на други богови, Дионис и Деметра, потоа Асклепија, Изида, Муза и други. Следат театри, некрополи, палати, терми, куќи за великаните и друго, кои биле откриени со археолошките истражувања од 1920, 1929, 1978 и понатаму.

Кралот Архелај спаѓа меѓу крупите личности на Македонија. Тој го продолжил обликувањето на внатрешната и меѓународната политика на Македонија, која била трасирана од страна на кралот Пердика II, за ослободување на приморските делови на земјата од атинскиот колонијализам, како и од елинското влијание. За да се ослободи од притисокот на Атина, тој во 410 година п.н.е. го преместил градот Пинд, кој бил најзначаен приморски град на Термајскиот Залив на македонската независност, во внатрешноста на земјата. Во неговиот период, Македонија се развила во модерна држава.

Стопанството станало јако. Се граделе големи палати, сообраќајници, општествени и културни институции. На неговиот двор во Пела престојувале истакната личности од културниот живот од Јонија, Еолија и Елада, а меѓу нив и светски познатиот поет и секако главен трагичар Еврипид (485-406) кој бил Анаксагорин ученик и Сократов пријател, Тој во Пела кај Архелај останал до својата смрт, со многу големо взаемно почитување. Се смета дека Еврипид во Макеоднија ја вовел феникиско-јонската аналфабета, што значи многу порано отколку што тоа го сторила Атина, дури во 403 година п.н.е. за време на архонтот Евклида (Папаставроу, 1972, 61).

Декорацијата на македонскиот двор ја извршил популарниот сликар на Хераклеа на Сицилија, под името Зевксис, околу 430 година п.н.е. Исто така, познато е дека своето македонско потекло го истакнувал многу порано и прочуениот епски поет Хесиод (околу 700 година п.н.е.) кој пишувал дека е син на Зевс и бил со исто презиме како Македонија и Македонците (Е.I.Е., 1976, 1490). Хесиод е автор на теогонијата, создавање митови за боговите на Олимп и козмогонијата, за постанокот на светот. Тој во својот труд под наслов „Дела и денови” ги удрил темелите на науките за земјоделието, бродарството, домаќинството и живеењето, а сето тоа го преплетувал со митови и басни.

По несреќната смрт на кралот Архелај, настанува период на анархија, инвазија од страна на Илирите, Пеоните, Олинтите и други. Овој период во Македонија траел околу 40 години, а се смениле девет кралеви и следела воена помош од Спарта (362 и 379 година п.н.е.). Македонија станала неспособна да води независна меѓународна политика и се нашла меѓу двајца ривали во елинскиот свет, меѓу Атина и Теба.

Во таква ситуација, на македонскиот престол дошол Филип, син на Аминта. Некои историчари, со Дроѕсен (1877 година) на чело, времето на Филип, на Александар Македонскиа и нивните наследници, па сè до падот на македонското египетско кралство на Птоломеј во 30 го-дини п.н.е. под Октавијан, го означуваат во историјата како Елинистички период. Меѓутоа, овие истражувања, како и други автори, убедливо покажуваат дека тоа бил Македонистички период.

Во овој интервал од околу 300 години, македонската култура и цивилизација дошле до полн израз. Македонските кралства на Балканот, со центар во Пела, во Египет со центар во Александрија и во Азија, со центри во Антиохија и Пергам, станале генератори на автохтоната цивилизација. Македонскиот јазик од своја страна, како „Алекснадров коине”, станал главен јазик на светската дипломатија, наука, трговија и комуникацијата воопшто, во траење од околу 900 години. Тој добил посебно значење со појавата на христијанството, придонел во христијанизацијата на светот и воведен е во христијанската литургија, како еден од официјалните јазици за време на Римското царство.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top