Фељтон

Александар Македонски и Аристотел (14)

aleksandar-i-aristotel2

aleksandar-i-aristotel2

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Делото на Александар Велики не може адекватно да се вреднува без разгледување на улогата на неговиот истотака голем учител, Аристотел, за кого рекол дека „го сака не помалку од сопствениот татко, зашто на овој му должи што живее, а на оној што живее продуховено“. (Плитарх Ц, Александар, 8)

Од историска позадина на овој великан на светската мисла и ум се гледа дека Аристотел е роден 384 п.н.е. (умрел 322 п.н.е.), во македонското гратче Стагира, на полуостровот Халкидики, во близина на сегашна Света Гора. Стагира го основале Андраните и Халкидиќаните, 655/4 п.н.е., а Филип II го разурнал во 350 год. п.н.е. Подоцна го обновил Александар.

Таткото на Аристотел Никомах бил личен лекар и пријател на кралското семејство на Македонија уште во времето на Аминта II, а подоцна и лекар на неговиот син. Воспитуван на македонскиот двор и во лекарска фамилија, Аристотел ја засакал медицината и станал член на големото лекарско братство Асклепијеви. Едно време работел како лекар во Стагира, а потоа, во својата 17 година стапува во школата на големиот учител Платон (427-347) во Атина, каде останува две години.

Под водство на Платон, се развива и осамостојува овој редок и генијален ученик од „варварски север “, како што го нарекувале антимакедонистите, додека учителот го нарекувал „умот на Академијата“. Покрај Еврипид, Аристотел во тоа време бил прв кој ја составил библиотеката („Куќа на читателите“ според Платон) и ги удрил основните принципи на нејзиното функционирање, што претставува еден од многубројните прилози што ѝ ги дал на науката.

stagira
Стагира на Халкидики, родното место на Аристотел

Подоцна, во текот на престојот во Атина, Аристотел ја основал познатата школа за реторика. Меѓу неговите студенти е и богатиот Хермија, кој подоцна станал владетел на државичката Атарнеја во еолскиот дел на Мала Азија. На негов повик, во текот на 345/4 Аристотел престојувал во Атарнеја и островот Митилена, каде ја пишува својата студија „Historia Animalium“. Стекнувајќи голема репутација на филозоф и учител, Аристотел добил понуда од најголемиот владетел на тоа време, кралот на Македонија Филип II, во неговиот двор во Пела, во својата 46 година, да го воспитува Александар, подоцнешниот господар на светот и неговите врсници, идни војсководци, креатори на големата Македонска империја и македонистичката ера.

По окупацијата на Елада од страна на Македонија и настанувањето на мали и индивидуални полис-државички, на историскиот хоризонт, во времето кога почнува на сите страни да се шири новиот дух на младиот македонски крал, Аристотел во 334 п.н.е. се вратил во Атина. Во тоа време, независноста на Атина, во политичка и духовна смисла, била неповратно уништена.

Огорчените антимакедонски говори на Демостен и неговите приврзеници, не му пречеле на Аристотел во еден непријателски расположен град, да му се посвети на своето научно дело. Се поврзал со „Македонската партија“ во Атина, ја прифатил Александровата идеологија „владеење со обединување“ и се посветил на повторна организација на својата нова школа Лицеон и средување на своето богато филозофско знаење. Името Лицеон потекнува од називот на имот каде било вежбалиштето на „Перипатичката школа“, кое му припаѓало на храмот на Аплон Ликеа, кој во митологијата го бранел стадото од волци.

Големиот крал на Македонија му се оддолжил на својот учител. На Аристотеловата школа и неговите институции за физика и биологија, во текот на Александровите освојувања на Европа, Азија и Африка, им обезбедил големи финансиски средства. Ги снабдувал неговите научни истражувања со примероци од флората и фауната и ги праќал скапите истражувачки експедиции низ освоените подрачја.

Ова е прв пример во европската цивилизација како со големи потези со општествени средства се финансира науката. Дурант (1926), цитирајќи го Атениј, изнесува сума од 800 таланти дадени на Аристотеловата школа, што во споредба со 70 таланти одредени за почетната фаза на антиперсиската експедиција, секако претставува голема цифра.

Иако релативно кратко време престојувал во Атина, Аристотел и неговата школа во текот на 12 години, завладеале над грчката филозофија и удриле темел на напредок на науката, на она што денес претставува европска цивилизација. Неговите научни и стручни дела ги опфаќаат сите области на науката, па опусот изнесува 400-1 000 трудови, од кои е сочуван само еден дел.

pela
Пела, родното место на Александар Македонски

Меѓутоа, и покрај тоа, по својата величина и широчина, претставуваат прва библиотека. Тоа се пред сè трудови од логиката, физиката, метеорологијата, билогијата, психологијата, естетиката, реториката, критиката, поетиката, филозофијата, етиката, политиката, метафизиката и друго. Спуштајќи ја филозофијата од небото на земјата, Аристотел станал творец на единствената (холистичка) држава на духот, кој паралелно ги следи државните остварувања на својот моќен ученик Александар Велики. Поимот „еден“ останал клуч за разбирање на развојот на филозофијата во текот на македонизмот па и понатаму (Жуњиќ, 1988, 16).

По ненадејната смрт на Александар Македонски (323 п.н.е.) приликите во Атина значително се измениле. Се разбранувал антимакедонскиот бран. Аристотел како Македонец, за да не ја доживее Сократовата судбина, ја напушта Атина и заминува во Халкида, каде се разболел. Разочаран со пресвртувањето на судбината, Аристотел се отрул, во 322 година п.н.е., на 62-годишна возраст. Во исто време (октомври 322 п.н.е.) големиот антимакедонец Демостен, за да не падне во рацете на Македонците се отрул во Италија, каде добил азил.

За тие бурни времиња сведочат и слединиве факти. Многу познатите приврзеници „Македонофили“ во Атина, како што се на пример Фокион, голем атински државник и војсководец, кој 45 пати бил стратег и противник на Демостен, како и Калимедон, ценет атински говорник, заради „предавство“ биле осудени на смрт во 319 година п.н.е., а погубени во 318 п.н.е.

Така, во текот на една година, младата европска цивилизација го изгубила најголемиот војсководец и владетел и најголемиот филозоф, мислител и најголемиот политички говорник. Меѓутоа, титанските дела на македонскиот народ и неговите синови Александар и Аристотел, останале да блескаат и по појавата на Римското царство, Византија и Ренесансата, до современата епоха.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top