Македонски легенди

Стојан Карастоилов

vostanie

vostanie

Стојан Карастоилов – Стојан војвода (1848 – 24. XI 1878) е ајдутин и главен војвода во Македонското ( Кресненско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на Струма, а на почетокот на Востанието, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. X 1878) и ослободиле 35 села во Каршијак. Притоа бил формиран Штаб на чело со Д. Попгеоргиев-Беровски и С. Карастоилов како главен војвода. По недоразбирањата и отстранувањето на водачот на востанието Д. Попгеоргиев-Беровски (4. XI), бил назначен за началник на Штабот. Заедно со двајца соборци, биле убиени на спиење.

Стојан Карстоилов е роден во 1848 година во неврокопското село Старчишта, Егејскиот дел на Македонија, во богато семејство. Рано останал без татко. Се занимавал со производство на железо, која била традиционална стопанска гранка во Мрвачко, Југоисточна Македонија и се до Кресненското востание била во подем.    

По Херцеговачкото востание во 1875 и априлското востание во 1876 година на Бугарите, предизвиканите од вискоите даноци, односите меѓу христијаните и муслиманите во империјата беа затегнати. Турците грабнале македонско девојче и сакале да направат насилна исламизација во Солун. Но, девојчето било грабнато од родителите, а зарот и фереџето биле искинато. Тоа предизвикало насилни демонстрации во Солун, а фрнацускиот и германскиот конзул биле масакрирани во мај 1876 година. Безредијата се прошириле низ целата Отоманска империја, а султанот Абдул Азис кој бил обвинет за русофил бил убиен. Неговиот наследник Мурат V бил прогласен за луд, по што во август 1875 година на власт дошол Абдул Хамид II.  

Прогонот на христијаните во Неврокопскиот крај продолжил, а Сојан со неколку луѓе од Старчишта, го напуштиле селото, наводно за да берат маслинки. Тие се засолниле на островот Тасос, каде воспоставиле комуникација со ајдутинот Тодор Паласкарја – Паласката. Стојан, неговиот брат Димитрија и Атанас Џостов, баџанакот на Стојан, се договориле со стариот ајдутин да се вооружаат и да купат арнаутска облека, за да се одмаздат на Турците.

По овие припреми, Стојан Карастолов ја започнал својата активност како ајдутин во долината на Струма кон крајот на 1876 или почетокот на 1877 година. Дејствувал. во родното Неврокопско, Драмско и на Мрвачката планина Црна Гора (тур. Карадак). Меѓу Драма и Кавала ја разбил разбојничката дружина на Јурук Махмуд, а подоцна го убил кај селото Елес. Истовремено тој водел борба против грцизмот во Драмско и Неврокопско.

Во текот на Руско-турската војна (1877 – 1878) година со четата во која се наоѓале познатите ајдуци и револуционери Тодор Паласката и Георги Зимбилев, дејствувал во Серско и Мечничко. Со четата ги уништува разбојниците ајдукот Суљо и Шејха. Според писарот на Стојан, тоа многу ги израдувало младите момчиња кои тајно се состанувале и сакале да влезат во неговата чета.

По потпишувањето на Берлинскиот договор (1/13 јули 1878) Стојан Карастоилов застанува на чело на ослободителната борба во Македонија. Тој се одвојува од Паласката, а четата која му се зголемила била поделена на две. Втората половина ја водел Коста Георгиев – Кукето. Четата на Стојан се судрила со турскиот башибозук во Неврокопско, а потоа во текот на август се префрла во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Таму се ставил на располагање на комитетот „Единство“ и станал еден од лидерите на Македонското (Кресненско) востание.

Стојан со големо искуство ги предводел востаничките сили. Предводени од него и неговиот секретар Стојан Карчев, востаничкиот  одред од околу 400 востаници го поразил и заробил турскиот аскер кај кресненските анови на 5 – ти октомври 1878 година. Тој ги ослободил селата Влахи, Оштава, Ново Село, а во формираниот востанички штаб, на чие чело е Димитар Поп Георгиев – Беровски, Сојан влегува заедно со Адам Калмиков како главен војвода.

Востаничкиот штаб предводен од Димитар Поп Георгиев Беровски сметал дека треба да се водат систематски дејствија, а востанието да се рашири откако се зајакнат ослободените територии. Спротивно на него Адам Калмиков и Луис Војткевич, кој биле преставници на комитетот „Единство“, сметале дека иако неподготвени тоа треба да се прошири на целата територија со цел да се привлече европската јавност. Поради тоа, Димитар Поп Георгиев, Беровски, Стојан Карастоилов и другите македонски војводи ги острануваат од раководството авантуристите Калмиков и Војткевич. Меѓутоа, по овој настан се замешал комитетот „Единство“.

Раководството на „Единство“ остро реагирало. Тие испратиле комисија од тројца комесари кои од своја страна организирале востанички суд. Додека Димитар Поп Георгиев се спасил благодарение на Натаниел Кучевишки, а потоа бил остранет од раководењето со востанието, дотогаш судот го осудил Стојан Карастоилов и неговите четници Георги Чолаков и Иван Тредафилов на смрт. Смртната казна врз Стојан Карастоилов била извршена во с. Кресна на 6. XII 1878 г. Мајорот Иван Орлински, командантот на Горна Џумаја, испратил околу дваесет козаци со задача да ги фатат живи или мртви неговите убијци, но тие успеваат да избегаат.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top