Култура и туризам

Предание од селото Лески, Неврокопско

Иако јас отпорано го знаев преданието за Св. Герската карпа, како и за името на реката Топлица, која извира под таа карпа, јас повторно го замолив овчарот да ми го раскаже оригиналот на тоа за мене интересно предание. Тој продолжи:

– Едно време змејот имал два сина, и тие змејови. Тој, велат живеел по сите гори, кои се од Пирин надолу меѓу Струма и Кара–су. Кога остарел веќе, тој ги праќал синовите нагоре-надолу по работа.

– А каква била работата на змејовите, дедо Марине, – го пресеков јас?

– Работата им била – ми рече тој – да им наредуваат на облаците, да разнесуваат дождови, град, грмотевици, секавици – тоа. Потоа помалиот син на тој змеј еднаш минувал над Мусомица – било ден Велигден, та луѓето биле на орото. Напред на орото играла поповата ќерка, која се викала Топлица. Таа била многу убава. Змејот кога ја догледал од облаците ја бендисал и се спуштил, та ја грабнал од среде орото, така што никој не можел да види како исчезнала и каде отишла таа убавица. Кутриот поп, татко и, се пребарал, насекаде распрашувал, не оставил ни гора ни поле, но ништо, ништо! Минало баеѓи време и попот веќе ја прежалил. Преку летото еден ден попот и попадијата жнееле пченица токму над Топлица, вечерта попот и рекол на попадијата да си оди дома да зготви вечер,а а тоа кинисал нагоре по Св. Герската карпа да собира суви дрва, за вечерта да си го натовари магарето. Се качувал нагоре по карпата ама дрвата не му се допаѓале, тукуречи како нешто да го влечело нагоре. Де, де се качил дури тука близу под нас и ја догледал ќерка си сама, ама облечена во срмена облека и нанижана со жолтици. Облеката толку многу и светела што на попот му се заслепувале очите. Се сретнале тука, се прегрнале и двајцата се расплакале. Ќерка му тогаш му раскажала дека ја грабнал змејот и дека кога за тоа разбрал татко му на змејот, многу се налутил и го испадил од Алиботуш и тој сега за живеење си ја избрал Св. Гергевската карпа и и неа ја донесол тука. Јас уште денеска кога ве видов на нивата како жнеете со мајка ми – рекла ќерка му – сакав да дојдам кај вас, ама ми беше страв да не се случи да дојде змејот ненадејно, та кога ќе види дека ме нема, којзнае што ќе ми направи после кога ќе ме најде. Ама многу добро се случи тате, што те донесе Господ овде барем да се видиме и да ти дадам еден бакшиш да однесеш дома И сега брго тате да се вратиш за да не се случи да дојде змејот и да те најде тука. Тогаш ќерка му зела и му наполнила една торба со жолтици. Таа ја преполнила торбата, ама направила на попот да му се гледа многу лесна, така што ич да не му тежи. Попот кога слегувал по карпата со торбата на рамо и дошол токму на тоа место каде што сега Топлица извира и си рекол: „Чекај да видам, каков бакшиш ни дала ќерка ми?“ Ја симнал торбата од грбот, ја отворил и што да види: Торбата била полна со лушпи од кромид. Се налутил ги истресол таму лушпите, си ја зел торбата и си заминал без дрва. Тој за се и раскажал на попадијата. Попадијата му се скарала и му рекла: „Пусти попе, веднаш да ги собереш тие лушпи каде што си ги истресол, та да ги донесеш тука, тие се жолтици од ќерка ни“. Попот се вратил, ама што ќе најди? На тоа место каде што тој ги истресол лушпите, излегла голема река со топла вода и потекла надолу. Кога попот ја тресел торбата со лушпите ќерка му од карпата го гледала и многу се плашела да не се случи да дојде змејот и да ги види. Таа почнала да го моли Бога, тоа да го сокрие од очите на змејот. Господ, сполај му ја послушал молбата и и заповедал на тоа место да излезе голема топла вода и надолу да ги понесе тие лушпи. Оттогаш таа река се вика Топлица, по името на поповата ќерка. Таа река тогаш била многу топла, но оттогаш до сега остинала. Помнам дека стари луѓе кажуваа кога таа сосема ќе истине како другите реки тогаш и ќе секне водата. Тоа сум го запомнил, даскале, од стари луѓе во чуџуклукот (детството) тоа и ти го раскажувам.

При завршувањето на таа историја за змејот и за реката Топлица јас го запрашав овчарот:

– Ами сега каде му е сврталиштето на тој змеј, дедо Марине?

– Ха а, не ти докажав до крајот, даскале. Потоа попот и попадијата многу оделе и многу шетале по Св. Гергската карпа белким ќе ја најдат и ќе ја видат некаде ќерка си, ама не можеле ништо да најдат; змејот се научил поради што се кренал и со жената отишол да живее на врвот на Бориката. Во старо време многу луѓе го гледале на Бориката, од каде што ги чувал синорите, ама сега луѓето сите стана ѓаволи па и змејовите не се кажуваат. А пак едни кажуваат оти откако излегле пушките, тогаш и змејовите се исплашиле, та фатиле да се кријат, и па јас не знам што е точно.

– Велиш, дедо, дека змејот ги чувал синорите, ами од што ги чувал?

– Од град, нели знаеш? Санким вие учените дип, дип тоа не го верувате, ама ние си веруваме даскале, Хе-е-е оди денеска на врвот да видиш што станува таму, таман му е и денот, па и времето е топло.

„…денеска нели е курбан на Свети Дух,  нашите чорбаџии и селани мене ме пуштија на врвот да ја однесам просфората. Ја однесов пред сонце и сега идам кон градот…“

…дедо Марин се сврте кон мене и ми рече:

– Даскале ти не ќе сториш лошо да одиш денеска на врвот… таму денеска ти ќе ги видиш и ќе ги научиш нашите старовремски адети…Паметам дека една година и ние не излеговме и не направивме курбан, ама таа година се ни истепа градот, ама малку беше тоа, ами од некаде се зададе една самовила се искрши и искорна од корен каде што имаше нишанлија дрво во нашиот синор… За нас денеска и од Виллиден е потешко!“’

…

– Токму на врвот колиме овен, крвта му истечува во пештерата каде што велат живеел змејот. Во таа пештера ги нафрлуваме роговите и сите остатоци од јадењето. Ако времето е ветровито и студено тогаш откако ќе го заколат на врвот, ќе го симнат на едно пониско, завет место и таму варат и јадат. Ама ајазмото (водосветот) и јадењето се прават горе на врвот. Таков е нашиот курбан даскале. Во ново време божем за поубаво се изоставаат старовремските адети ама тоа не е убаво.

… Штотуку наближив до селото го слушнав остриот глас на клепалото, кое го викаше населението да излегува кон врвот, откако црковната служба веќе беше завршила. Влегов во селото и видов дека селаните секој облечен во празнична носија се готвеа да тргнат… Откако ја минавме таа убава градина, низ која се патува три четвртини од час, ние излеговме на едни голи камења и по малку се искачивме на врвот, каде што при толку топлото мајско сонце ние се потрудивме да си ги облечеме дотогаш заборавените облеки. Жените ги наредија околу пештерата своите колаци (обредни лебови). По мал одмор на една мала плоча токму до пештерата се налеја вода во еден сад и започна водосветот. По светењето вода и по прскањето, старите жени фатија оро околу пештерата. На тоа оро се пееше следнава песна:

Јој ти милинки Свјати Дух,

като грмнеш и треснеш,

сичка са гора путриса,

и м’жку детја фаф мајка,

и руду јагња пуд овца

и љута змија в грамада.

О слушај нашта мулитва,

мирен д’ш прати по нива,

пу ниви и пу љуваде,

чувај градини и лозја,

от град, градушка и вјат’р,

та ша ти курбан дунесем,

и ша ти молба принесем,

и ду година с’с здраве.

Орото со таа песна  се водеше со такт, се пристапуваше со десната нога напред и потоа следуваше и левата. Бабата што го водеше орото, беше свртена кон исток, даваше знак, сите се отпуштија со молчење и три пати се прекрстија. За забележување е што на тоа оро присуствуваа и мажите без да земат учество во него. По извршувањето на тој обред старите мажи и жени поседнаа и по раздавањето на колаците почнаа да пијат ракија, а младите од двата пола се фатија на орото под звуците на гајдата и дајрето.

Тој врв претставува еден конус… На самиот врв на тој конус се наоѓа пештерата, малку свртена кон запад. Таа повеќе личи на дупка отколку на пештера. Во таа пештера била нафрлана крвта од курбаните, кои веќе се вареа. Општиот курбан (овен) е само еден, но некои по ручекот принесуваат и посебни курбани што можа да бидат и јагниња или овци. Кога веќе се сварија курбаните епитропот  со удирање на железното клепало, кое за тоа специјално се изнесува на врвот, ги кани присутните на молитва и јадење.. При тоа клепање сите се собраа околу пештерата. Свештеникот креваше леб и присутните седнаа на трпезата за јадење. Од секоја трпеза одредија по еден за да принесува храна. Одбор од неколкумина првенци на чело со свештеникот и учителот, седнаа на одделна трпеза на која се почестија и гостите колку што ги имаше. Излишно е да се рече дека виното во таков случај е премногу недоизпразнетите баклици една по друга се носеа на дополнување пред винарот, кој за продавање дури на врвот изнесол мешини полни со мелничко вино. Кога се сврши јадењето свештеникот го благослови остатокот, а луѓето го собраа и го фрлија во пештерата. По јадењето пак се повторија ора пукање со пушки и други забави додека дојде времето за враќање. Вечерта околу единаесет часот или единаесет и половина сите се упатија кон селото По патот бидејќи сите одеа пешки единствена занимација им беше да ги креваат баклиците со вино, да се пука и да се вика. Кога пристигнавме во селото изиграа едно општо оро макар што беше темно. Потоа си благословуваа еден на друг за тоа што беше тој ден и за догодина и се разотидоа по своите домови. Така се празнуваше старовремскиот празник во селото Лески.

Запишал А. Иванов, улител во Караќој, 1896, март 17.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top