Култура и туризам

Македонија на туристичка берза во Берлин, најбарана дестинација Охрид

makedonija-berlin

Македонскиите туристички капацитети и услуги и годинава се дел од најголемата светска туристичка манифестација ИТБ Берлин која што важи за место на кое што се договараат голем дел од зделките за најголемите светски туристички дестинации.

makedonija-berlin

Презентацијата на македонскиот туризам се одвива на штандот организиран од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во халата број 1 на Берлинскиот саем, но и на настаните организирани од водечки светски лидери во оваа гранка. Македонската делегација покрај промоција, контакти со туроператори и иницијални директни договори за аранжмани се обидува да се позиционира и во дебатата за стратегии и трендови во регионалниот и глобалниот туризам како една од најбрзо растечките индустрии.

Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска вели дека заедно со петте македонски туристички агенции на Берлинската туристичка берза и покрај објективните пречки во Берлин успеале да создадат услови за продолжување на трендот на зголемување на бројот странски туристи во Македонија.

– Се нуди езерскиот туризам, се нуди активен туризам – планинските тури, религиозен туризам и се она што имаме да го понудиме како туристички производ. Интересот за нашите производи е голем, остваривме голем број средби со туроператори, не само од Германија туку и со други туроператори кои се заинтересирани за Македонија, а ја искористија можноста на берлинската берза да остварат контакти со нашите претставници, вели Лела Крстевска директорка на Агенција за промоциоја и подршка на туризмот

За македонската туристичка понуда покрај заинтересирани туропоратори од Германија и светот на последните два дена од настанот  интерес покажаа и стотици граѓани пред се Германци кои што немаат доволно информации за туристичката понуда во Македонија. Најмногу од нив се интересираат за Охрид, но и за состојбата во Македонија.

Присутните турстички агенции кои годинава се учесници на берлинското туристичко шоу имаат можност директно со своите колеги и заинтересирани туристи да зборуваат за Македонија, но дел од нив зборуваат и за проблеми со кои се соочуваат сите земји на бегалската рута од Турција преку Грција, Македонија и  Србија.

– Во моментов германските туроператори најмногу ги привлекува Охрид во летната сезона, а она што најмногу ги одбива, тоа е минлива работа, се настаните што се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција, вели Сузана Зелениковска од агенцијата „Фибула Ер Травел“.

Дел од туристичките работници не знаат зошто дел од германските медиуми создаваат негалтивна слика за Македонија што влијае на посетата на германските туристи.

– Имаме пад на интересот за Македонија, не од аспект на тоа што можеме да понудиме, туку од безбедносен аспект. Не знаеме од каде се пласираат такви информации, но факт е дека не прашуваат дали е навистина толку лошо на границата со соседна Грција и веќе имаме откажувања. Кај нас конкретно четири договорени тури се откажани, вели Мано Ставревски од туроператорот „Визит Македонија“ .

На најголемото светско туристичко шоу во Берлин годинава на 50 годишниот јубилеј  учествуваат над 10 илјади излагачи, туристички работници и компании од 187 држави и територии од 5 континенти.

Денешен весник

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top