Култура и туризам

Карпите во источна Македонија се стари скоро милијарда години

Во Македонија, на така мал простор се застапени речиси сите видови на карпи и почви што ги има во Европа. Некои карпи во источниот дел на државата се извонредно стари – близу милијарда години! Исто така, во нашата држава се наоѓа можеби единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот Сивец.

Околината на Прилеп, посебно кај Сивец, претставува најголемо и најквалитетно наоѓалиште на бел мермер во Светот! Дневно од овде се извезува меѓу две и три илјади квадратни метри мермерни финални производи во Грција, во Саудиска Арабија, Африка, Австралија, САД, Јапонија и во други континенти и земји. Секој ден од Прилеп за светот патуваат најмалку три шлепери со непреработени грамадни мермерни блокови, а секој блок е тежок меѓу дваесет и триесет тони. Нивната крајна адреса се скулпторски ателјеа или мини-фабрики за производство на украсни фасади, подиуми и ѕидови на многу сакрални христијански и муслимански верски објекти и галерии и најразлични мали фигури од овој постојано студен и светол камен. Белиот Град, наоѓалиштето на мермер – Сивец, на североисточниот дел на Прилеп, има импресивна и мистична креација. Низ светлите заслепувачки бели ходници под отвореното темно сино небо, движењето на посетителот е по бели комплекси мермерни блокови, високи и шеесет метри. Тоа што може да се доживеат во Сивец крај Прилеп ретко се доживува некаде во светот.

Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото позначајно наоѓалиште на лорандит и талиум во светот. Од 2008 год. рудникот е прогласен за споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости. Во јавноста со децении кружат и неверојатни приказни за интересот на странските разузнавачки служби за Алшар. Тие сметаат дека со негова помош може да се прават експерименти за истражување на вселената што е во интерес на нивните вселенски програми. Со употреба на лорандитот може да се регистрираат најстарите процеси во вселената. Поради реткоста, лорандитот од Алшар е извонредно скап и баран минерал.

Јужно од Свети Николе се јавуваат таканаречени бели солени почви: солонец, солоѓ и солончак, кои главно се застапени по руските степи. По површината имаат тенка солена кора, особено впечатлива во летниот период. Во Гевгелиско пак (кај с. Ѓавато) има појави на интересни песочни почви или ареносоли!

Македонија е меѓу земјите што има најмногу планини во однос на површината: 38 планини на 25.713 км кв. или по една планина на околу 700 км кв. Од тој број 12 планини се повисоки од 2000 м, а 5 пак од нив се повисоки од 2500 м. Ако се наредат сите планини една врз друга, нивната височина ќе достигне 65 км, а само оние над 2000 м заедно се високи 31 км!

Во Македонија има многу добро сочувани остатоци од 30-тина вулкани во североисточниот дел на државата и тоа од Кокино на север до Кочани на југ. Во близина на Злетово, поточно кај с. Лесново е еден од најдобро сочуваните кратери (калдери) на Балканот и пошироко. Најголем дел од овие вулкани биле активни пред десетина милиони години, со спектакуларни експлозивни ерупции! Слични остатоци на вулкани има од Кавадарци до границата со Грција, а Витачево е меѓу ретките во Европа висорамнини од вулканско-ерозивен тип!

Земјотресот што се случил во 1904 година кај Пехчево имал магнитуда од 7,8 степени по Рихтер и 10 степени по ЕМС и до сега е најсилен забележан земјотрес на Балканот и меѓу посилните во Европа. Всушност, во Македонија има повеќе земјотресно активни зони бидејќи овие подрачја од земјината кора се вклештени помеѓу големата Европска (Евроазиска) континентална плоча на север, Африканската плоча на југ и 2 помали плочи на исток и запад.

Во Македонија се утврдени неколку стотици пештери и јами (пропасти). Во внатрешноста на пештерата Ѓоноица или Убавица кај Гостивар има подземен водопад и подземна река. Под водите на вештачкото езеро Матка пак е откриена една од најдлабоките подводни пештери во Европа (Врело).

Покрај десетината, за наши услови поголеми реки како Вардар, Црна, Брегалница, Треска, Црни Дрим, Струмица, Пчиња и др., во Македонија има уште стотици помали рекички, потоци, повремени и периодични водотеци. Нивната вкупна должина е околу 20.000 км! Воедно, Македонија има и околу 70 природни езера: тектонски или котлински како Охридското, Преспанското, Дојранското, потоа 30-тина глацијални, десетина пештерски, неколку карстни, 3 мочуришни, неколку свлечишни и други. Од нив, Охридското е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа (288 м), со голем број на ендемични видови. Македонија има голем број на топли, односно термоминерални извори, од кои 8 се користат како бањи. Кочанската и Струмичката котлина се особено богати со подземни топли води, односно со геотермални лежишта!

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top