Култура и туризам

Лазороско-галички антагонизам

lazaropole

lazaropole

Антагонизмот меѓу луѓето од Галичник и оние од Лазорополе е прусутен од дамнина.

Се практикувал секогаш и насекаде, особено во туѓина, на печалба. Се засилил при една измама, кога на еден личен лазоровец, наместо девојката свршеница, на свадбата (скриена зад дулак) му била подметната сестра и  нешто постара и многу понелична. Измамата била откриена на патот од Росоки кон Лазорополе, кога некој од стројалените го открил дулакот под кој гувеела невестата и брзо реагирал со зборовите:

„В темница одиме – тамница водиме“.

Мајтапењата замираат последниве години откако и едните и другите ги напуштија родните села и се раселија. Сега веќе се изменија мотивите за антагонизмот на двете најголеми мијачки села, но затоа, пак, останаа темите кои и едните и другите ги врзуваат за заеднички имиња: Аврам, Рафе, Тофе.

Аврам задоцнил на работа повеќе од два часа. Рафе бил негов претпоставен, та затоа и го прашал:

– Многу се забави денеска бре Авраме, да не те снајде некоја мока?

– И ме снајде – му одговорил Аврам. – Никако да ја врата пастата за зоби шо ми се испушчи собајлево кога и миев диќеливе.

По Втората светска војна, меѓу првите во Галичник кој купил радиоапарат бил и Аврам. Со автобус го донел до под Јанче, а потоа пеш по Скала до Галичник. Неговите најблиски со голема радост го очекувале вклучувањето на радиоапаратот. Присутни биле и соседите. Се било поставено, се било вклучено, но радиото не пуштало глас. И како и секогаш на помош е повикан Рафе. Тој само што пристигнал во куќата на Аврама,  уште од врата, поставил прашање:

– Како го носевте радиово од Скопје?

– Со автобус до Јанче, а оттаму пешки по Скала – одговорил Аврам.

– Уморено е од потот, затова не работат, нека се одморит неколку дена, пак ќа видиме – ги посоветувал Рафе.

Скржавоста Тофева е позната. Еднаш влегол во меана и нарачал кафе.

– Како ќа го пиеш? – Го прашал келнерот Аврам. седнат или станат?

Седнат чини 50 денари, а станат од нанозе 30 денари.

– Дај ми го ти мене за 10 денари. Ја ќа си го пија легнат.

Аврам и Тофе веднаш по војната, како активисти учествувале при пописот на населението во една градска населба. По земањето на генералиите на една убава жена ја прашале што работи, што е по професија.

– Балерина – одговорила таа.

И двајцата се изненадиле од професијата и затоа ја замолиле да им покаже во што се состои нејзината работа. Таа тоа и го направила, а Аврам срипал и му рекол на Тофета:

– Побратиме, пиши ороспија.

Аврам и Рафе се добри другари, побратими. Едниот е лазоровец, а другиот галичанец. Еден ден Рафе специјално дошол во Лазорополе за да се опијани.

– Зар не можеше тоа да го сториш во Галичник, туку мораше пешки да го качуваш Мачкино?

– Времето до опијанувањето е исто во двете села. Но, ти немаш претстава какво задоволство е да бидеш пијан на рамно, да не водиш сметка дека по пијанството, ќе се истркалаш во Јанче и згора на това да мораш пешки да ја качуваш Скала – му одговорил побратимот.

Рафе и Тофе водат научен разговор. Се обиделе да одговорат на прашањето како настанала глувчерицата.

– Пред многу години, во времето на социјализмот во Галичник биле дадени на товење крокодили. И таке…

Рафе фаќал капавица на покривот од својата куќа. Во еден момент на невнимание се слизнал и полетал кон земјата. На минување крај прозорецот, сепак успеал да и довикне на жена му:

– Жено, за ручек нареди една рока помалку грав.

Рафе добил стан на четврти кат од некоја кула. И додека Рафе се радува, неговиот побратим Тофе е многу загрижен.

– Шо си таков? – го прашала Тофевица.

– Се плашам за животот на Рафета. А слушнет топан, скокат за играње дури и во сон. Па ми е страв во тоа скокање да не скокнет низ пенџере.

Од книгата „Тешкото од Лазорополе“ од Блаже Смилески, авторско издание, 2006 г.

 (Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top