Коментари

Илинденското востание не успеа зашто македонскиот народ беше сам, без сојузници!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Независно од целите што ги гонеа инспираторите на предвремено објавување на востанието – агентите на германскиот кнез Фердинанд Кобуршки, офицерите од македонско потекло, Илинденското востание беше дело на основните работни маси на македонскиот народ. Долго потиснатите робови се кренаа на вооружена борба против вековниот поробувач на словенските народи на Балканот – Султанска Турција. Востаниците се бореа храбро против 300.000 турска војска. Востанието не успеа зашто македонскиот народ беше сам, без сојузници.“ – пишува Ѓорѓи Абаџиев по повод 40 години од Илинденското востание. („Отечествен фронт”, 2. VIII. 1947 год.)

Ѓорѓи Абаџиев (7. X 1910 – 2. VIII 1963) е македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист. Роден е на 7 октомври 1910 година во Дојран. Во 1915 година родителите му емигрираат во Бугарија, каде татко му работи во фабрика. Ѓорѓи завршил  средно образование во Горна Џумаја (Благоевград), а потоа студирал на Правниот факултет во Софија. Уште за време на студиите зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Станал член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947).

По повод Четириесет години од Илинденското востание, Ѓорѓи Абаџиев ќе напише статија која е објавена на 2 август 1947 година „Отечествен фронт”.  Во неа меѓудругото, тој ги наведува и причините зошто не успеа Илинденското востание во 1903 година, за кое пишува:

„На Илинден 1903 година македонскиот народ направи херојски напор да ги скине ропските синџири. Феудалнобеговската власт на Отоманската Империја ги потиснуваше и ги држеше во полна бесправност селаните наполичари, чифлигарските момоци, сите сиромашни работни слоеви на народот. Македонците беа единствениот народ што не го беше отфрлил уште турското ропство. Грција, Србија и Бугарија беа излегле веќе на полето на својот национален и културен развиток, како народи обособени во свои национални држави. Феудалното закрепостување на основните маси на македонскиот народ – работните селани беше спроведувано од растечкиот од ден на ден систем на разбојнички напади, ограбувања и убиства што ги вршеа башибозучките орди. Турскиот феудализам се распаѓаше. Војската се оддаваше на своеволија. Државниот апарат, разјадуван од поткупништво, насилства и угодување на месните бегови и македонските чорбаџии, го засилуваше курсот на ограбувањето. Чифличко-беговската власт го угнетуваше како турското сиромашно население така и македонското, се разбира над Македонците се вршеше и национално-верско угнетување.

Независно од целите што ги гонеа инспираторите на предвремено објавување на востанието — агентите на германскиот кнез Фердинанд Кобуршки, офицерите од македонско потекло, Илинденското востание беше дело на основните работни маси на македонскиот народ. Долго потиснатите робови се кренаа на вооружена борба против вековниот поробувач на словенските народи на Балканот — Султанска Турција. Востаниците се бореа храбро против 300.000 тур-ска војска. Востанието не успеа зашто македонскиот народ беше сам, без сојузници. Во она време кога работничките и прогресивните движења во ослободените од Отоманската Империја балкански народи беа во својот зародиш, македонскиот народ не можеше да смета на нивна помош и поткрепа.                                                  »

Илинденското востание го покажа единствениот правилен пат за ослободување – масовно општонародно вооружено востание. Востанието на Илинден 1903 година, меѓутоа, не беше слепа, стихијна пројава на волјата за слобода. Востанието укажа и која е конкретната форма во која треба да се изрази таа слобода – Македонската народна демократска република. Илинденското востание ја издигна Крушовската народна република која постоеше само 11 дена. Владата на Крушовската Република, на чело со Никола Карев, прогласи полна рамноправност на сите националности во Македонија.

Во прогласот, испратен до турското население во Крушово и околијата, се вели следното:

„Ние не кренавме пушка против вас, тоа би било срам за нас. Ние не кренавме пушка против мирниот трудољубив народ што се прехранува како нас со крвава пот . . . Ние ве жалиме како наши браќа, бидејќи и вие сте робови на ефендијата, на пашите, на беговите и на силните…”

Такви демократски сфаќања имаа македонските борци пред 44 години (денес изминати 114 години – н.з.) кога започна Илинденската епопеја.

Раководена од најголемиот син на Македонија – Гоце Делчев, македонската национална револуција беше забележана и од будното око на водачот на светската револуција – Владимир Илич Ленин, кој ја истакнуваше организацијата на Гоце Делчев како пример на масовна, дисциплинирана и вистинска револуционерна организација.

Следејќи го тој точно оцртан пат од Г. Делчев – народно-демократската линија на револуционерното движење – македонскиот народ ја започна втората славна ослободителна епопеја во 1941 година. Овојпат тој беше среќен. Врз основа на национална рамноправност, Македонците, во единствената антифашистичка борба на сите југословенски народи, го уништија фашистичкиот окупатор и задлабочувајќи го братството и единството меѓу тие народи, ги удрија темелите на македонската национална држава… Пак на Илинден — 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Прохор Пчински”, уште не стивната борбата, се свика првото Антифашистичко собрание на Народното ослободување на Македонија (АСНОМ) и се прогласи во присуство на воени претставници на Англија, Америка, претставници на Главниот штаб на Југославија (советските делегати беа спречени поради воената ситуација да пристигнат на време) Македонската народна република.

Така македонскиот народ што го започна вооруженото востание во 1903 година и премина преку единствената антифашистичка борба на демократските народи во Втората светска војна, го оствари својот идеал…

…Уште еден млад животоспособен славјански народ – македонскиот, ги влева своите сили во демократската изградба на меѓународниот мир и соработка…“

Општо познато е дека македонскиот народ беше оставен сам да ја води својата борба за ослободување. Датумите 2 август 1903 и 2 август 1944 г (Илинден и АСНОМ) се свети симболи во борбата на македонскиот народ за самостојност и за нацинална држава. Македонците без надворешна подршка ја извојуваа својата слобода и создадоа на еден дел од македонската тероторија своја држава, притоа за цело време давајќи допринос во демократската изградба на меѓународниот мир и соработка. Меѓутоа и по толку години (114 години од Илинденско востание и 73 години од АСНОМ) зачудува фатот дека некој се осудува да бара заедничко чествување на Илинден и истовремено да го негира името, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ.

Инаку, по Инфорбирото 1948 година, Ѓорѓи Абаџиев се враќа во Македонија, каде развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година. Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност. За својата работа добил повеќе награди и признанија. Ѓорѓи Абаџиев починал на најсветиот ден за македонскот народ на ден Илинден, 2 август 1963 година.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top