Коментари

Повоено „Будење на Македонците“!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Пред донесувањето на Видовденскиот устав беа изнесувани предлози и барања за давање покраинска самоуправа на Македонија. Такви мислења застапуваа не само функционерите на партијата, туку и разни граѓански политичари – македонски, српски, хрватски и други. Непосредно пред изгласувањето на Видовденскиот устав широк публицитет доби барањето на Марко Цемовиќ за образување покраинска влада за Македонија, т.е. Македонија да стане автономна покраина во Кралството СХС. Но, радикалите и другите поборници на унитаристичкото уредување на државата не сакаа да чујат за вакви проекти.

По првата светска војна, во есента 1919 година, почнаа да се префрлуваат вооружени чети од Бугарија во Македонија кои се надеваа дека на тој начин ќе го свртат вниманието на европската дипломатија кон македонското прашање. Во западна Македонија пак делуваа албански качаци, кои вршеа грабежи и уценувања со поддршка на владата од Тирана.

Во едни вакви услови, во политичкиот живот на Вардарскиот дел на Македонија делуваа српските граѓански партии – Радикалната и Демократската, кои, немајќи врски со македонскиот народ, бараа поддршка во корумпираните и кариеристички елементи во Македонија. Во овој период на лошата внатрешнополитичка положба, почнаа да се обновуваат социјалистичките организации во Македонија.

Меѓу најраните партиски организации што се обновија во Македонија по Првата светска војна беа организациите во Скопје, Велес и Битола. Скопската организација беше обновена веќе во февруари 1919 година, под раководството на Душан Цекиќ, Илија Плавев, Стојан Дивлев, Лазар Малезанов и Пера Јовановиќ. Таа веднаш започнува засилена дејност и пропаганда. Дваесет делегати на социјалистичките организации во Македонија, зедоа учество во работата на Конгресот на обединувањето во Белград, во април 1919 година, на кој беше образувана Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) и во чие централно партиско раководство беше избран и Душан Цекиќ.

По Конгресот на обединувањето бргу се ширеа партиските организации во Македонија. Нивната дејност во текот на 1919 година беше управена кон организационо зацврстување, опфаќање на членови и приврзаници, одржување на митинзи и собири и т.н.

За засилување на партиската пропаганда и дејност беше одржана обласна партиска конференција во Скопје, на 7 и 8 јануари 1920 година, со учество на 34 делегати од 12 партиски и 9 синдикални организации. Конференцијата избра Покраински партиски секретаријат за Македонија и Стара Србија со седиште во Скопје и ги прецизира ставовите и тактиката на Партијата во врска со претстојните избори за општински управи.

Со основањето на партискиот орган „Социјалистичка Зора” многу се придонесе за ширењето на социјалистичката пропаганда кај работните слоеви од населението на Вардарска Македонија и Стара Србија. Бргу се зголемуваше бројот на организираните припадници на Партијата и синдикатите, нараснувајќи во пролетта на 1920 година на вкупно 8.000 членови.

Весникот „Социјалистичка Зора“ кој излегувал во периодот од 10 февруари до 10 декември 1920 година, во почетокот бил неделен, а од 16 август 1920 бил дневен весник. Излегувал на српски, а потоа и на турски јазик. До „Обзнаната“, кога весникот бил забранет, вкупно биле испечатени 130 броја, во кои биле објавувани текстови  и за македонскиот народ.

Пишувајќи за активноста на месната организација на Работничката партија на Југославија (к) во Велес, Тих. Јавтиќ на 5 февруари 1920 година во текстот „Будење на Македонците“ ќе напише:

„Историјата на македонскиот народ еполна со таги и болки. Таа е историја на трајно робување. Поробени економски, политички и национално, Македонците одамна се предмет на најгруба експлоатација. Врз нивниот грб јаваа богаташите, разни претставници на корумпираниот отомански режим и пропагатори на разни шовинистички идеи: грчки, романски, бугарски и српски. Место својата сила да ја концентрира во борбата за економско и политичко ослободување, македонскиот народ ги даваше своите драгоцени животи за тоа да попадне во канџите на бугарскиот, српскиот и грчкиот капитализам. Место да ја шири солидарноста на целиот работен иарод, тој ширеше омраза меѓу народите. Требаше да се запали Европа, требаше да се почувствува владеењето на бугарскиот и српскиот капитализам, па Македонците да почнат поживо да се будат и да отфрлат секаква шовинистичка пропаганда…

… Во ова велешкиот народ, Месната организација на РПЈ (к) во Велес има сега преку 400 членови. Благодарејќи на агилноста на велешките другари, организации почнаа да никнуваат и по селата Војница, Крајница и Ореовец имаат свои социјалистички организации, први по селата на Македонија.

Велешката гимназија неуморно работи и на просветувањето на своите членови. Секоја недела и празник во селата на Народниот дом се одржуваат собири и предавања. Посетата е богата, така што Народниот дом стана мал. Другарите веќе се трудат да најдат попростран и поубав дом. Освен тоа е образуван и социјалистички хор.“

Ваквиот развој на настаните овозможи на општинските избори одржани во август 1920 година социјалистите да ги добијат општините во Скопје, Велес, Куманово и Кавадарци. Тие за време на своето кусо дејствување вложуваа големи усилби за заштита и подобрување на животните услови на населението. Интензивната дејност во корист на народот во овие општини траеше само неколку месеци и беше прекратена со донесувањето на злогласната Обзнана.

Во Вардарска Македонија на изборите за Уставотворната скупштина истакнаа свои кандидатски листи Радикалната, Демократската и РПЈ(к), Муслиманската организација „Џемиет”, Републиканската партија и Демократската муслиманска лига. Радикалната и Демократската партија лицемерно изјавуваа дека се согласуваат да и се даде автономија на Македонија. Демократите стапија во врска и со македонските емигрантски кругови – за враќање на Македонците од Бугарија, за назначување на државни служби на македонските интелектуалци што би се вратиле и за толерирање на „месниот дијалект” во јавната употреба.

Сепак, резултатите во Македонија предизвика бранување кое сериозно ги затресе и загрози темелите на постојниот режим. Соочени со непосредно избувнување на генерален штрајк во сета земја и сакајќи да и нанесат смртен удар, во ноќта помеѓу 29 и 30 декември 1920 година, ја ставија надвор од законот партијата, ги затворија и синдикалните организации и домови, ги сопреа нивните изданија и ги конфискуваа архивите и паричните средства, а против нивните пропагандисти и организатори беа предвидени драстични казни.

Дејството и последиците на Обзнаната беа особено тешки во Македонија, затоа што со ставањето на Партијата надвор од законот беше отстранета главната и единствена организирана општествено-политичка сила што имаше корени во масите и што ги изразуваше нивните суштествени интереси и барања. Откако со Обзнаната успеаја привремено да ја сузбијат најреволуционерната општествена сила во земјата, белградските властодршци го донесоа првиот устав на југословенската држава, наречен Видовденски.

Пред донесувањето на Видовденскиот устав беа изнесувани предлози и барања за давање покраинска самоуправа на Македонија. Такви мислења застапуваа не само функционерите на партијата, туку и разни граѓански политичари – македонски, српски, хрватски и други. Непосредно пред изгласувањето на Видовденскиот устав широк публицитет доби барањето на Марко Цемовиќ за образување покраинска влада за Македонија, односно Македонија да стане автономна покраина во Кралството СХС. Но, радикалите и другите поборници на унитаристичкото уредување на државата не сакаа да чујат за вакви проекти.

(извори: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 84-85; Историја на македонскиот народ, Скопје 1988, стр.218-223).

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top