На прво место

СДС повторно турка референдум без гаранции

Македонија не смее повторно да плаќа цена за туѓи агенди и политички експерименти

Македонската јавност повторно е сведок на политичка реторика која опасно потсетува на периодот пред референдумот во 2018 година – време кога на народот му беа ветувани европска иднина, сигурен пат кон ЕУ и подобар живот, а државата на крај остана со сменето име и без конкретни гаранции за членство во Европската Унија.

Денес, СДС повторно отвора теми за референдум и уставни измени без јасни гаранции и без дефиниран крај на процесот. Владата со право предупредува дека граѓаните веќе еднаш видоа како изгледаат договори во кои Македонија дава сè, а за возврат добива нови условувања, блокади и понижувања.

„СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, а граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот неуспешен референдум организиран во 2018 година кога го сменија името на државата. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет“, се наведува во реакцијата од Владата.

Но, уште поважно е што денес ставот на граѓаните е многу појасен и поцврст отколку во минатото. Според анкетата на „Детектор“ од 06.04.2025 година, на прашањето: „Дали новата Влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија?“, дури 64 проценти од испитаниците одговориле „НЕ“, додека само 24 проценти одговориле „ДА“.

Разликата е уште поизразена кај етничките Македонци. Дури 82 проценти од Македонците се изјасниле против внесување на Бугарите во Уставот под сегашните услови, додека само 12,9 проценти дале поддршка за таков чекор.

Овие бројки покажуваат дека народот јасно ја препознава опасноста од нови непромислени отстапки и повеќе не верува во празни ветувања дека „ова е последното барање“. Граѓаните веќе еднаш слушаа приказни дека по Преспанскиот договор ќе завршат сите блокади, а Македонија потоа доби нови условувања, нови протоколи и нови удари врз националниот идентитет.

Токму затоа денес сè повеќе граѓани сметаат дека Филипче и СДС немаат кредибилитет да зборуваат за национални прашања. Наместо манипулации и обиди за политичко дефокусирање, Филипче треба да се јави на „главна каса“ и да објасни пред јавноста кој и под какви услови повторно ја турка Македонија кон нови отстапки без гаранции.

Суштинската разлика меѓу политиките што денес се судираат во Македонија е јасна. Едните сметаат дека секое барање однадвор мора безусловно да се прифати, дури и кога директно удира врз идентитетот, јазикот и историската самобитност на македонскиот народ. Другите сметаат дека европската интеграција треба да биде процес на достоинство, а не политика на постојани национални отстапки.

Македонија нема проблем со Европа. Проблемот е кога европскиот пат се претвора во бескраен процес на условувања во кои секогаш се отвора ново идентитетско прашање. Народот не е против Европската Унија, туку против политиката во која секоја нова отстапка се претставува како „последна“, а потоа следува ново барање.

Најново од: На прво место

Во Тумчевиште одекна Комитското оро, во Гостивар коњаниците добија благослов за патот кон Крушево

На својот пат кон Бигорскиот манастир и Крушево, коњаниците од Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес пристигнаа во Тумчевиште, каде што беа свечено пречекани од жителите и бројните гости кои ја одбележуваа селската црковна слава – Собор на Свети Архангел Гаврил, во народот познат и како Летен Арангел. Во чест на […]

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

Најнови вести

To top