Досиеја

УДБА го следеле македонското иселеништво и ДООМ во Берлин

Документ од 1978 година открива како југословенските служби собирале информации за македонските патриотски кругови, нивните активности и поддршката за македонската национална кауза во Германија.

Македонска Нација

РСВР на СР Македонија – Испостава Штип
Ев. бр. 472
Берово, 7 август 1978 година
Отчукано во 3 примероци

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

I. Податоци за контактот

  • Објект: Ѓоко Н. – сопственик на кафаната „Ново Скопје“ во Берлин, СР Германија.
  • Контактот е остварен по наша иницијатива.
  • Оперативни трошоци нема.

II. Цел на разговорот

Изворот беше насочен кон следење на пропагандно-субверзивната активност и врските на одредени лица со ДООМ.

III. Добиени податоци и сознанија

Изворот веќе девет години се наоѓа на привремена работа во Западен Берлин, во фирмата БИМ. Заедно со него од селото Мојмирово на работа заминале и Борис Поповски, Ефтим Тројански, Стефан Мукарски и Стојан Тасевски.

Во почетокот сите добро живееле и често се дружеле и надвор од работното време. По 1971 година Борис Поповски и Ефтим Тројански, покрај редовната работа, започнале да се занимаваат и со недозволени активности, односно шверц и други незаконски работи, при што воспоставиле врски со одредени емигрантски и германски кругови.

Подоцна тие целосно се определиле за таков начин на живот, особено по губењето на правото на работа. Како последица на тоа, повеќепати биле приведувани и осудувани на затворски казни. Според изворот, од претходната година престојувале и во Источен Берлин, каде што биле осудени поради дејствија насочени против тамошните власти.

Во тие години Борис Поповски воспоставил блиски односи со Ѓоко Н. и неговиот брат Мишко (Мане), кои биле сопственици на кафаните „Ново Скопје“ и „Македонија“. Преку Поповски, изворот ги запознал Ѓоко и Мишко, а и денес повремено се среќава со Ѓоко во кафаната „Ново Скопје“.

За Поповски и Тројански изворот навел дека биле поврзани со шверцерски кругови во Берлин, но не можел да даде повеќе информации бидејќи подоцна почнал да ги избегнува, а и тие него.

Изворот често ја посетувал кафаната „Ново Скопје“, но со Ѓоко ретко разговарал бидејќи тој ретко доаѓал таму. Според него, Ѓоко живеел во сопствена куќа подалеку од локалот.

Изворот го опишува како затворен човек и успешен бизнисмен кој располагал со значителни финансиски средства.

Во разговорите што ги водел со него забележувал изразени национални ставови. Во кафаната се наоѓале различни материјали со национална содржина. На ѕидовите и на друг инвентар била прикажана карта на целосна Македонија, а во тоа време биле финансирани и серии кибритни кутии со истиот мотив.

Во разговорите, Ѓоко често истакнувал дека македонското прашање не е целосно решено. Во СР Германија бил познат како поддржувач и финансиер на фудбалски и други активности организирани од македонски иселенички друштва.

На крајот, изворот навел дека Ѓоко често бил посетуван од пејачот Јонче Христоски и негов поранешен учител од Гостиварско.

Во Берлин, Ѓоко одржувал блиски односи и со Ѓорги Терзиски од селото Умлена, Беровско, кој исто така работел во СР Германија.

IV. Оперативен коментар

Изворот беше подготвен во текот на минатата година, а добиените сознанија се оценуваат како објективни.

Активностите за негово понатамошно оперативно користење ќе продолжат, имајќи предвид дека и понатаму ќе остане на привремена работа во СР Германија.

Особено интересни се контактите на Јонче Христоски со објектот, при што неговите посети траат и по повеќе денови.

Постои можност и пријателството меѓу нашиот граѓанин Ѓорги Терзиски и објектот да биде искористено за дополнителни разговори при неговото доаѓање на одмор во текот на овој месец.

Помошник инспектор

Најново од: Досиеја

Членска книшка на Македонски женски сојуз од 1926 до 1934 година – сведоштво за стремежот кон слободна и независна Македонија

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е на бугарски јазик и со тогашниот бугарски правопис, бидејќи женската организација била формирана и дејствувала во Бугарија. Македонскиот женски сојуз бил организација на жени бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Дејствувал во периодот од 1926 до 1934 година и одржувал контакти со ВМРО. Во почетокот […]

Вистината за „Сина птица“ – (Документи)

Патриоти вовлечени во опасна игра и видеокасетата што случајно ја откри аферата Аферата „Сина птица“ од 1992 година не може да се разбере ако се гледа само низ една видеоснимка или еден состанок во Кочани. За да се разбере што навистина се случуваше, мора да се вратиме во годините кога Југославија се распаѓаше, кога во […]

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година РСВР на СРМ СДБ – Скопје Испостава на СДБ Струмица [прецртано] Струмица, 16.10.1978 год. Евиденција бр. 132/18-266 17.10.1978 год. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА Извор: [прецртано] Објект: Емиграција Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – […]

Архивски документ: Љупчо Георгиевски го овластува Мане Јаковлески да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во Европа

ВМРО – Демократска партија за Македонско-национално единство Централен управен одбор Бр. 224/92 30.10.1992 год. Скопје ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Рег. бр. 38 [нечитлив знак] 3552/1 ГУВР–Скопје ПРЕДМЕТ: ПОЛНОМОШТВО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Република Македонија), има чест да го ополномошти г. Манол Јаковлески (роден на 1.02.1951 год., во Гостивар, Република Македонија), кој сега […]

Од 1992 година ЕУ ја започна скриената агенда против Македонија

Архивски документ од Берлин 1992 година сведочи дека уште на почетокот од македонската независност биле препознаени политичките притисоци, пропагандата и обидите за попречување на меѓународното признавање на Република Македонија.  

Мане Јаковлески и Драган Богдановски во евиденцијата на ДБК (УДБА) од 1992 година

Еве уште еден документ за тие што ЛААТ против мене, или нов израз за таквите е ТАЛОГ. (ТАЛОГ е нешто безвредно или морално пропаднато — на пример: Талогот на општеството) 4. 06. 1992 DBK – IV UPRAVA 400000 EKSTREMNO DELUVANJE VO ZEMJATA PREGLED NA LICA OD R.MAKEDONIJA VKLUČENI VO RAZNI PARAVOENI FORMACII (VOENI ŠTABOVI, GARDI, […]

Еден документ од 1991 година: СДБ -УДБА барала тајно прислушување на Мане Јаковлевски, а вториот од Југословенска УДБА од 1984 г.

Овие два документи (едниот од Македонска УДБА) а (вториот од Југословенска УДБА) ги објавувам како: „поздрав“ до оние кои продолжуваат да ЛААТ за мене, или народски кажано: кучињата лаат а карванот продолжува да оди. Документ Бр.1 Архивски документ на Службата за државна безбедност (УДБА) при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија открива дека на […]

Најнови вести

To top