Култура и туризам

Македонија е главниот извор на апокрифите

apokrifi

Во желбата да се задоволи набожното љубопитство на верниците кое не можеле да ги задоволат канонските списи со скржавите извештаи за личностите од Стариот и Новиот завет главно настанувале таканаречените Апокрифи. Апокрифите по содржина и наслов се сродни со канонските библиски книги, но таков авторитет црквата никогаш не им признала и не ги вовела во канонот.

Интересен е самиот поим – “a`pokryfos” (а покриф) кој во македонскиот јазик и буквално значи – ја покриф, ја скрив и сл., а ова особено и зашто токму Македонија е главниот извор на апокрифите.

apokrifi
Средновековен апокриф

Најраните апокрифи од првите векови на христијанството се главно за да шират некакво морално или еретичко учење што се криело вешто зад библискиот авторитет. Ќе се користат и од богомилите како еретичко учење но, освен “Interrogatio Ioannis” како своевиден богомилски катехизам зачуван на латински превод, богомилите не создале ниеден друг апокриф.

Во “словенската” книжевност апокрифите влегуваат рано, што се заклучува од трагите на старини во јазиците и лексиката на подоцнежните преписи ( пр. “Никодимовото Евангелие”, “Transitus Mariae” [“Успение Мариино”], делата на Павле и Текла и др.). Освен “Никодимовото Евангелие”, кое е преведено од латински најдоцна во X век, сите се преводи од јазик кој денес науката го бележи како “грчки”.
Според поделбата на библиските книги и апокрифите се делат на старозаветни и новозаветни, а новозаветните се делат уште на евангелија, дела апостолски, апокалипси и посланици.

Апокрифот Успение Богородичино (“Transitus Mariae”) бил најчеста тема на ликовните претстави за Богородичината смрт. Покрај нејзините многубројни кирилски преписи, зачувани се и три глаголски од XV – XVI век и една одделка од “Пазинските фрагменти” од XIVвек.

Од западното потекло се пак кажувањата за Пилатовата смрт, зачувани во глаголските зборници од XV-XVI век. Од глаголските ракописи ни е позната Богородичната апокалипса или “Одењето на Богородица по маките”, потоа “Јовановата апокалипса” како и “Павловата апокалипса” која во полна редакција и преведена од “грчки”, се наоѓа во “Оксфордскиот зборник” од XV век.

apokrifi1
Пророкот Варух

Значи апокрифите се шират и пишуваат преведуваат, буквално насекаде низ Балканот а од таму низ Европа, а главно потекло им е од Македонија. Така на пример наспроти тоа што апокрифите не се меѓу канонските книги дури се вбројувани меѓу лажните списанија. Апокрифот “Протоевангелието Јаковово” го користи и Св. Климент Охридски при составувањето на “Проповед за пророк Захарија и за раѓањето на Јован Крстител” и”Похвалатa за Јован Крстител” (крајот на IX и почеток на X век). Многубројни црковни ликовни композиции се од апокрифи. Така, ликовното решение “Легендата за прекрасниот Јосиф” во Св.Софија – Охрид, потоа сцените од Богородичниот живот од манастирите во Старо Нагоричане, Матејче, “Легендата за Авгар” – Матејче, но, и многу други старо и новозаветни (“Книга за Аврам”,”Видение Исаиево”, “Видение на Варух”, “Книга за Енох”, “Видение на апостол Павле”, “Одење на Богородица по маките” и др.)

(Извори – E.Turdeanu “ Aposryphes bogomiles et apocryphes pseudo-bogomiles” Revue de l`histoire des regions, Paris 1950, CXXXVIII, стр. 22-52 i CXXXIX, стр. 176-218; A.Vaillant “Le Livre des Secrets d`Henoch”, Tehte slave et traduction francaise, Institut d`etudes slaves, IV, Paris 1952; E.Turdeanu “La Vision de ssaint Paul dans la tradition litteraire des Slaves ortodoxes, Welt der Slaven, I, 1956, стр. 401-430; A de Santos Otero “Das Problem der kirchenslavischen Apokryphen, Zeitschrift fur Balkanologie, Wiesbaden 1962, Helft ½ ; A.Vaillant “L`evengile de Nicodeme”,Texte slave et texte latin,II Hautes etudes orientales ,1, Geneve, Paris 1968; E.Turdeanu “Letestament d`Abraham en slave et en roumain, Oxford Slavonic papers, 1977, New Series, vol.X, стр.1-38; A de Santos Otero “Die handschrifthliche Uberlieferung der altslavisshen Apokryphen, Band I и Patristiche Texte und Studien, Band 20, Berlin и New York 1978)

Клаудија Лутовска

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top