Македонски легенди

Кузо Димитров

KDimitrov-Maniak

KDimitrov-ManiakКузо Димитров (2. IV 1872 – после 1943) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Познат е под името Манјакски, Манјатски или Манјак. Во 1898 година, го основал Комитет на Организацијата во селото Манјак, вршел курирски задачи и во својот дом ја криел месната чета. Повеќе пати бил апсен, а по задушувањето на Илинденското востание учествува во борбите со андартите и турскиот аскер. Во 1907 година заминал за Америка, од каде се враќа со доброволци за време на Првата балканска војна. Прогонет од грчките власти, како доброволец заел учество и во Првата светска војна.

Кузо (Кузма) Димитров е роден во 1872 година во селото Манјак, Егејскиот дел на Македонија. Основно образование завршил во Костур. Прво учел во грчко училиште, а подоцна и во новоотвореното славјанско училиште кај учителот Трпо Поповски, македонски револуционер од Косинец и учителот Златко Каратанасов од Бобишта. Подоцна учел за чевлар и работел како мелничар во една костурска воденица.

Во април 1898 година, Кузо Димитров основал Комитет наМакедонската револуционерна организација  во селото Манјак. Димитров вршел курирски задачи и во својот дом ја криел месната чета на војводите Атанас Петров и Тале Горанов.

По убиството на Нуредин бег од Света Недела од околискиот војвода Атанас Петров, извршено со помош на Димитров и комитетот од Манјак во почетокот на мај 1901 година, во рацете на турските власти паднал документ, во кој бил спомнат Кузо. Набрзо потоа, Кузо Димитров, заедно со Кузо Стефанов и други истакнати македонски дејци од регионот, биле уапсени. Во затворот, по наредба на корчанскиот жандармериски началник Мухтар Ага, Кузо бил подложен на сурово измачување поради што се обидел да изврши самоубиство. Тој го распарал стомакот со нож, но бил излечен.

Обидот за самоубиство на Кузо Димитров добил голем публицитет во јавноста, по што странските конзули во Битола побарале од турските власти да ги спречат апсењата. Но, по избувнувањето на Иванчовата афера во јули 1901 година, во која поранешниот четник на Коте Христов, Иванчо Кичевец, обвинил дека убиството на Абедин бег од Костур и Касам ага од Билишта, било дело на револуционерната организација, Кузо Димитров бил осуден од турските власти на уште 7 години.

Во пресрет на Илинденското востание, Кузо заедно со другарите бил ослободен со гаранција од 100 лири. По избувнувањето на востанието во 1903 година, тој се вклучува во редовите на востаниците, но бидејќи боледувал од маларија не учествувал во борбите.

Kuzo Dimitrov

По задушувањето на востанието, Димитров преку Солун и Ниш заминал за Бугарија. Во ноември 1904 година со туѓ пасош заедно со Стефо Атанасов од Старичани се вратил во Македонија и се приклучил во Бобишта кон четата на војводите Никола Андреев и Кузо Попдинов, а подоцна со Атанасов се упатиле кон Костенаријата, каде влегуваат во месната чета. Кузо Димитров зел учество во нападите на Либешево и Жиковишкиот манастир на 2 март 1905 година, во битката со андартите во Одре кај Бела вода на 20 јули 1905 година, во битката со аскерот на 20 јуни 1906 година кај месноста Остри врв крај Стенско.

Една година потоа, Кузо Димитров поминал во четата на Никола Добролитски, во чиј реон влегува и неговото родно село Манјак. Во ноември 1906 година, на состанок на нестрамската чета и онаа на Митре Влаот, на која присуствуваше и Пандо Кљашев било одлучено да го испратат Димитров и уште неколку четници на одмор во Бугарија.

Неколку дена потоа, Димитров со тројца другари, Вангел Попхристов, Христо Четирски и Аргир Дренички, бил опкружен во Манјак и после борбата во мугрите успеле да ја пробијат опсадата и се спасат во шумата. По смртта на Никола Добролитски, четата му понудила да го превземе војводството, но Кузо одбил и заминал за Бугарија, каде пристигнал во средината на јануари 1907 година.

Од Бугарија, Димитров заминал за Америка каде останал до Првата балканска војна во 1912 година. Димитров таму организирал доброволна чета од 30 души, која пристигнала во Солун, кој тогаш бил завземен од страна на грчките војници. Доброволците тргнале кон родните места, но биле запрени во Суровичево и не им било дозволено да продолжат, ако не се прогласат за Грци. Доброволците се вратиле во Солун, каде го предале оружјето во командата на бугарската армија и потоа одделно тргнале кон Костурско. Меѓутоа на 18 мај Кузо Димитров бил уапсен од грчките власти во Нестрам и однесен во Костур, каде командант на градот, поранешниот андартски капетан Малиос му рекол “Сите како вас ќе ве убијам “. Кузо уште два пати пати бил апсен од грчките власти, а неговото семесјтво малтретирано. Покрај теророт кој му бил вршен, во 1913 година умира мајката на Димитров, во 1914 година – жена му, во 1915 година – 15-годишната ќерка, а во 1916 година и неговиот 17- годишен син.

За време на Првата светска војна Димитров бил баран од грчката власти и вооружен пребегнал преку линијата на фронтот. Организирал во Битола доброволна чета од 30 души, но германското команда не му дозволила да влезе во Грција и преку Ресен бил испратен за Ура Малик, крај Корча, каде се приклучил на Седмиот коњички полк, а подоцна кон пристигнатиот партизански одред од 300 луѓе на Никола Лефтеров. Во 1917 година и покрај наредбата на Военото министерство на Бугарија за распуштање на доброволците, Кузо Димитров одбил и останал на фронтот.

По Првата светска војна Кузо Димитров се повлекол во Бугарија и работел како воденичар во Нови Пазар, Шуменско, каде починал по 1943 година.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top